Споменик на Јане Сандански
Споменик на Јане Сандански — споменик кој се наоѓа во истоимената населба во скопската општина Аеродром. Споменикот бил поставен како дел од т.н. проект Скопје 2014.[1]
Споменик на Јане Сандански | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | споменик, статуа |
Место | парк „Јане Сандански“ - Аеродром |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Отворена | 2009 |
Трошок за изградба | 271.000 евра 16.677.000 ден. |
Сопственик | Министерство за култура |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Гоце Давидов |
Тој е висок пет метри, а поставен е во централниот дел од истоимениот парк, на иницијатива на Министерството за култура, усвоена од советниците на општината во 2009 година.
Паметникот на македонскиот револуционер е излеан во бронза, во српската леарница „Јеремиќ“. Идејното решение е на авторот Гоце Давидов.
Две години од неговото поставување во 2011 година, медиумите јавуваа дека е оштетен, односно дека заради студеното време отпаѓаат плочките од постаментот, по што општината најави дека ќе распише тендер за избор за фирма за одржување на спомениците.
Наводи
уреди- ↑ „Коњаник во општина Аеродром (Јане Сандански) :: Скопје 2014 под лупа“. skopje2014.prizma.birn.eu.com. Посетено на 2023-05-17.