Сказна за Вилен
„Сказна за детето Вилен“ или „Сказна за Вилен“ — новела за деца на македонскиот писател Глигор Поповски, првобитно објавена во 1952 година.
Содржина
уредиКнигата се состои од следниве делови:[1]
- Дедо Сезнаел
- Патот до Големата Река е долг
- Во земјата на лошиот Баул
- Ладе
- Ѕуницата пие
- Кај стариот рибар
Осврт кон делото
уредиНовелата е напишана во форма на сказна. Таа е напишана допадливо, но неколку места се незаборавни, како: описот на дедо Сезнаел, патувањето на Вилен кон Големата Река, неговиот престој во земјата на лошиот Баул и средбата со стариот рибар.[2]
Технички податоци
уредиКнигата „Сказна за Вилен“ била објавена повеќепати како заедничко издание на неколку издавачки куќи („Мисла“, „Детска радост“, „Наша книга“, „Македонска книга“ и „Култура“) и служела како задолжителна лектира за второ одделение во основните училишта на СР Македонија. Така, изданието од 1987 година има 47 страници и било испечатено во печатницата на НИПРО „Нова Македонија“, во тираж од 30.000 примероци. Илустрациите во книгата ги направил Александар Каевски, а корицата ја илустрирала Бисерка Перовска. Кнгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, Скопје, но не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Глигор Поповски, Сказна за Вилен, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1987.
- ↑ Елица и Атанас Николовски, „Разговор за делото „Сказна за Вилен“ од Глигор Поповски“, во: Глигор Поповски, Сказна за Вилен, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1987, стр. 44-45.