Сериозен човек (филм)

филм

Сериозен човек (англиски: A Serious Man) е американски драмафилм од 2009 год. Премиерата во САД беше одржана на 2 октомври. Филмот доживеа голем број на позитивни реакции како од публиката така и од критичарите.

„Сериозен човек (A Serious Man)“
Официјален постер
РежисерБраќата Коен
ПродуцентБраќата Коен
СценаристСценарио: Браќата Коен
Главни улогиМајкл Штулбарг
Ричард Кинд
Сара Ванер Леник
Жанрдрама
МузикаКартел Бурвел
ДистрибутерFocus Features
Премиера2 октомври 2009
Времетраење105 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$7,000,000
Бруто заработка$8,183,000

Синопсис

уреди

Новиот филм на браќата Коен е сместен во 1967 година, а приказната започнува кога Лари Гопник, професор по физика на еден мирен универзитет, дознава дека неговата сопруга Џудит го напушта поради еден од неговите колеги, Си Аблиман бидејќи смета дека тој многу повеќе и одговара од слабиот Лари. Невработениот брат на Лари, Артур, спие на каучот во дневната, син му Дени има проблем со дисциплината во новото училиште, а ќерка Сара му краде секој ден пари од паричникот за да заштеди за толку посакуваната операција на носот. И додека неговата сопруга и нејзиниот љубовник го уредуваат својот нов дом, а братот му станува сè поголем товар, се појавува анонимно напишано на машина, за да ги саботира шансите на Лари за напредок работа. Во исто време една студентка се обидува да го поткупи за да добие преодна оцена на испитот и му се заканува дека ќе го тужи за навреда. Додека се обидува да воспостави рамнотежа во својот живот, Лари бара совет од три различни места. Со мешавината на црн хумор и лични теми, браќата Коен го направија својот најзрел, а можеби и најдобар филм досега, филм за кој допрва ќе се зборува.

Улоги

уреди

Белешки

уреди

Надворешни врски

уреди