Рубенс Муратовски
Рубенс Муратовски (роден на 8 јануари 1971 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Рубенс Муратовски | |
---|---|
Роден(а) | 8 јануари 1971 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонец |
Занимање | глумец водител |
Познат(а) по | по улогата во: Булки крај шините Мост Тврдокорни Последниот Македонец |
Страница nasatv.com.mk |
Животопис
уредиРубенс Муратовски дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1996 година, а од 2000 година се вработил во Драмски театар - Скопје. Со глума Муратовски започнал уште од најрани години кога настапувал во главната улога на детската серија „Белото Циганче“ и „Булки крај шините“. Во текот на годините, како студент а и потоа, остварил забележителни главни и споредни улоги во претстави на матичниот театар, но и на сите други театарски сцени во државата.
Од 2019 години тој е автор и водител на емисијата „Помагачот“, и автор на емисијата „Спортски легенди“ заедно со Зоран Михајлов кој се емитуваат на Наша ТВ.
Поважни театарски улоги
уреди- Падот на Масада р. Дејан Пројковски ДТС 2023
- Така зборуваше Гертруда р. Ангелчо Илиевски ДТС 2022
- Буре барут р. Сашо Миленковски ДТС 2016
- Господарот на кукавицата р. Андреј Цветановски Т. Комедија 2015
- Ждрело-р,Зоја Бузалковска,ДТС 2014
- Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот,р Владо Цветановски,ДТС 2012
- Генетика на кучињата,р Дејан Пројковски,ДТС 2012
- Агамемнон - geNOcid21, од Љубиша Георгиевски, р. Владлен Александров, ДТС 2011
- Војникот – Супернова, р. Златко Славенски, ДТС, 2008
- Инспекторот Дадо – Комшилук наопаку, р. Ненни Делместре, ДТС, 2008
- Спасе – Македонски рулет, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2007
- Поткаљосин – Женидба, р. Лилиа Абаџиева, Битолски театар, 2006
- Џејмс – Поручникот од Иншимор, р. Зоја Бузалковска, ДТС, 2005
- Дантон – Смртта на Дантон, р. Дејан Пројковски, Струмички театар, 2005
- Гаврил – Лет во место, р. Љупчо Георгиевски, ДТС, 2005
- Инкасаторот, Црна Арапина ... – Маме му ебам, кој прв почна, р. Дејан Пројковски, Битолски театар, 2004
- Луков – Црнила, р. Дејан Пројковски, Театар Штип, 2004
- Штурецот – Како се станува цар, Зоја Бузалковска, ДТС, 2003
- Тој – Нема да верувате што ми случи вечерва, р. Кристијан Ристевски, ДТС, 2003
- Амнон – Јонадаб, р. Дејан Пројковски, ДТС, 2003
- Хомо еректус, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2002
- Детето – Сонот на смешниот човек, р. Александар Ивановски, Театар Велес, 2002
- Драга Елена Сергеевна, р. Александра Ковачевиќ, Театар Штип, 2002
- Војцек – Војцек, р. Боро Драшковиќ, ДТС, 2002
- Тетовирачот – Тетовирани души, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2001
- Лизандар – Сонот на летната ноќ, р. Димитар Станковски, ДТС, 2001
- Затвореникот, судијата ... – Кандид во земјата на чудата, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2000
- Мефисто, р. Коле Ангеловски, ДТС, 2000
- Јованка Орлеанка, р. Љубиша Георгиевски, 2000
- Ферхад и Ширин, Јуџел Ертел, 2000
- Мисот на малиот град, р. Владо Талевски, МНТ, 1999
- Стражарот - Антигона ин Техноленд, р. Галин Стоев, МНТ, 1999
- Тхе Ловер, р. Зоја Бузалковска, 1999
- Хамлет, р. Владо Цветановски, 1999
- Бесконечно патување, кореограф Искра Шукарова, МНТ, 1998
- Ромео – Ромео и Јулија, р. Наташа Поплавска, Струмички театар, 1998
- Ојдипус Тиранос, р. Зоја Бузалковска, 1997
- Среќата е нова идеја во Европа, р. Владо Цветановски, 1997
- Мечка, р. Синиша Ефтимов, ФДУ, 1996
- Џек - Питачка опера, р. Горан Тренчовски, ДТС, 1996
- Теди Брјустер – Арсеник и стара тантела, р. Љубиша Георгиевски, ДТС, 1995, дипломска работа
- Дрвеница, р. Владо Денчов, театар Скрб и утеха, 1994
- Луна прима, р. Горан Тренчовски, приватен проект, 1994
- Билет за пеколот, р. Душан Наумовски, Универзална сала, 1994
- Кандид во земјата на чудата од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС
- Кинегонда во Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2009
Филмографија
уредиМуратовски има остварено бројни филмски улоги:[1]
Година | Филм | Улога |
1981 | Булки крај шините ТВ-филм | Ване |
1981 | Првите цутови ТВ-серија | |
1982 | Слана во цутот на бадемите ТВ-филм | |
1982 | Едно лето ТВ-серија | Владимир |
1982 | Црвено жолто зелено ТВ-филм | |
1984 | Белото циганче ТВ-серија | Таруно |
1984 | Комедијанти ТВ-серија | Детето |
1987 | Девојките на Марко ТВ-серија | |
1988 | Втора смена ТВ-серија | Славчо |
1990 | Еурека ТВ-серија | Хорист 4 |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
1995-2000 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1998 | Салон Хармони ТВ-серија | |
1999 | Стаорец ТВ-филм | Војникот |
1999 | Voice ТВ-филм | |
1999 | Глушецот ТВ-филм | |
2000 | Глас ТВ-филм | |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | Влатко |
2001 | Прашина ТВ-филм | Корто Малтезе |
2001 | Подгревање на вчерашниот ручек ТВ-филм | Снимателот |
2002 | Вета ТВ-филм | Алек |
2006 | Мост ТВ-филм | Никола |
2007 | Досие-К ТВ-филм | Граѓанин 2 |
2011 | Трето па машко ТВ-серија | Цеко |
2013-2014 | Тврдокорни ТВ-серија | Соле Стојчев |
2015 | Последниот Македонец ТВ-филм | Јане Сандански |
2017 | Бушави глави ТВ-серија | |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | Спиро |
2025 | Утре Наутро ТВ-серија | Полицаец |
Награди
уредиНаграда за најдорба машка улога на Фестивалот за античка драма „Стоби“ 2011 година, за улогата на Агамемнон во претставата „geNOcid21“
Наводи
уреди- ↑ „Rubens Muratovski“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.
Надворешни врски
уреди- Рубенс Муратовски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Биографија на Рубенс Муратовски, Драмски театар.