Роки

американски боксерски филм од 1976 година

„Роки“ (англиски: Rocky) е американски спортски филм од 1976 година, во режија на Џон Ејвилдсен, а по сценариото на Силвестер Сталоне. Главните улоги ги играат: Силвестер Сталоне, Телиа Шири, Берт Јанг, Карл Видерс и Бергес Мередит. Сталоне го напишал сценариото за само три дена, а продуцентите на филмот сакале главниот лик да го игра Џејмс Кан, но Сталоне не го прифатил тоа. Со овој филм, Сталоне станал голема филмска ѕвезда, а „Роки“ добил награди „Оскар“, и тоа во категориите: најдобар филм, најдобра режија и најдобра монтажа. По успехот на овој филм, Сталоне снимил уште неколку продолженија кои, исто така, имале голем комерцијален успех.[2]

„Роки“
Филмскиот плакат
РежисерЏон Ејвилдсен
ПродуцентРоберт Чартоф
Ирвин Винклер
СценаристСилвестер Сталоне
Главни улогиСилвестер Сталоне
Бергес Мередит
Телиа Шири
Берт Јанг
Карл Видерс
МузикаБил Конти
КинематографијаЏејмс Крејб
МонтажаРичард Хелси
Скот Конрад
ДистрибутерUnited Artists
Премиера21 ноември 1976 - Њујорк
Времетраење119 минути
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$1.1 милион
Бруто заработка$225.000.000[1]

Содржина

Роки Балбоа (Силвестер Сталоне) има 30 години и живее во сиромашниот дел на Филаделфија. Одвреме-навреме, тој зема долгови за сметка на некој криминалец Тони Гацо (Џо Шпинел). Неговата љубов е боксот, но иако настапил на многу мечеви, тој не успеал да се прослави. Неговиот стар тренер Мики (Бергес Мередит) верува дека Роки има голема дарба, но дека самиот се упропастил и затоа го презира. Роки е вљубен во срамежливата Адријан (Телиа Шири), сестрата на својот пријател Паули (Берт Јанг), но нивната врска се врти во круг. Во меѓувреме, светскиот шампион во бокс, Аполо Крид (Карл Видерс), треба да боксува во Филаделфија со својот предизвикувач, но тој е повреден и не може да настапи. Од рекламни причини, Аполо одлучува да боксува со непознат боксер, а случајно изборот паѓа на Роки, можеби поради неговиот прекар „Италијански пастув“. По разговорот со својот тренер, Роки го сфаќа сериозно предизвикот и почнува да тренира. Роки и Аполо имаат тешка битка, и покрај напорите на Роки, тој е сепак поразен. Судиите одлучуваат дека Аполо Крид е победникот.[2]

Глумци

Наводи

  1. „Роки – Бокс Офис датум, новости, информации за тимот“. „The Numbers“. „Nash Information Services“. Архивирано од изворникот на 2013-11-09. Посетено на 1 септември 2010.
  2. 2,0 2,1 „HRT, Официјално мрежно место (пристапено на 5.4.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-06-15. Посетено на 2017-10-02.

Надворешни врски

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>

КатегоријаФилмови што се одвиваат во Пенсилванија