Прво заседание на АСНОМ

Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Тоа претставува државно конституирање на македонскиот народ и народностите во Македонија во склоп на југословенската федерација. На него се донесени повеќе решенија, меѓу кои се решението за конституирање на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија АСНОМ во врховно законодавство и извршно тело на Македонија и заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, решение за донесување декларација за основните права на граѓаните во демократска Македонија.[1]

Дел од делегатите на Првото заседание на АСНОМ.
Формулари на легитимации за членовите на АСНОМ
Поздравна телеграма до АСНОМ од 25-та дивизија на НОВ, Србија. (03.08.1944)
Манастир Прохор Пчински, каде е одржано Првото заседание на АСНОМ: Поглед кон манастирот.
Свечениот дел од отворањето на Првото заседание на АСНОМ со поздравна реч на Панко Брашнаров (2 август 1944)

Организирање

уреди

По објавувањето на одлуката за свикување на АСНОМ,[2] се пристапи кон избирање на делегатите за Собранието. Самиот начин на кој се избирале делегатите за АСНОМ не е сосема јасен. Во „Зборникот на документи од АСНОМ", издаден од Институтот за национална историја, има еден спис на ЦК КПМ од кој се гледа дека „електорскиот процес" се опишува вака - обласните комитети треба да ги избираат пратениците за „Прохор Пчински“ на месни конференции од по 5 - 6 лица.

Текот на заседанието

уреди

Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински. Заседанието започнало со изведување на песната „Изгреј зора на слободата“. На заседанието, кое во 17.15 часот го отвори најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија.

Панко Брашнаров го отвори заседанието со следните зборови:

...Другарки и другари народни претставители, Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински“ и ��а овој историски ден - ИЛИНДЕН -, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеална дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединена Македонија. Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчение). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија! Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена - 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илиденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија - Крушовската република го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство.

 
Народен собор и оро во дворот на Св. Прохор Пчински (2.8.1944)

Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал. И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, помогна со крф и борба да се дојде до нова, братска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби. Да е жива нашата мила македонска федерална држава! Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!...

 
Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на Федерална Македонија (2 август 1944)

Работен дел на заседанието и донесени решенија

уреди

По свечениот дел од заседанието, бил отворен работниот дел од заседанието, кое работело според следниот дневен ред:[3]

  1. Извештај на Иницијативниот одбор
  2. Борба против окуппаторот - реферат на Иницијативниот одбор
  3. Народно-демократската власт во Македонија (нејзината суштина, организација и задачи) - реферат на Иницијативниот одбор
  4. Решенија на АСНОМ
  5. Бирање на постојан работен Президиум на АСНОМ
  6. Бирање на членови на АВНОЈ

На Првото заседание на АСНОМ се донесени повеќе решенија меѓу кои и:

Покрај овие одлуки на ова заседание се прифатени решенијата од Второто заседание на АВНОЈ, одобрена е работата на Главниот штаб и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, донесено е решение за формирање на Комисија за испитување на воените злосторства направени од окупаторите и нивните слуги, како и комисија задолжена за изработување на законски проекти. Избрани се и 40 претставници на македонскиот народ во АВНОЈ и во неговиот Президиум. За претставници во Президиумот на АВНОЈ се избрани: Димитар Влахов, Методија Андонов - Ченто, Михаило Апостолски, Лазар Колишевски, Бане Андреев, Венко Марковски и Мара Нацева.

Од заседанието до македонскиот народ е упатен Манифестот на Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ, како и Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ.

Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој фактички претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто, за потпретседатели Панко Брашнаров и Емануел Чучков, а за секретари: Љупчо Арсов и Владимир Полежиновски.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди