Општина Конопиште

поранешна општина во Македонија
За истоименото село, видете Конопиште.

Општина Конопиштепоранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Кавадарци. Седиште на општината било селото Конопиште[2].

Општина Конопиште
денес дел од Општина Кавадарци

Поглед кон селото Конопиште

Општи податоци
Седиште Конопиште
Регион Вардарски Регион
Основана 1996-2004
Службен јазик македонски
Демографија
Население 350[1] жит.
Населени места
Народности Македонци
Самоуправа
Контактни податоци

Територијата на општина се наоѓала во областа Бошава. Најголема река во општината била реката Бошава. Општината се граничела со: соседна Грција на југ, Општина Витолиште на запад, Општина Кавадарци, Општина Неготино и Општина Демир Капија на север и Општина Миравци и Општина Гевгелија на исток.[1]

Населени места

уреди

Во Општина Конопиште спаѓале следниве села: Бојанчиште, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Клиново, Крњево, Конопиште, Куманичево, Мајден, Мрежичко, Радња, ’Ржаново, Рожден, Страгово и Чемерско.

Демографија

уреди

Според пописот од 2002 година општината имала 350 жители,[1] од кои:

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 20 јануари 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. 2,0 2,1 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

41°14′49″N 22°4′35″E / 41.24694° СГШ; 22.07639° ИГД / 41.24694; 22.07639