Ослободителна војска на Косово

(Пренасочено од ОВК)

Ослободителна војска на Косово или скратено ОВК (албански: Ushtria Çlirimtare e Kosovës - UÇK) — албанска терористичка организација на Косово која со нападни врз државните органи (војска, полиција и други) и цивили се бореше за независност на Косово и Метохија од Србија и СР Југославија. ОВК односно УЧК се бореше исто така за отстварување на таканаречена „Голема Албанија“. Според српски и западните разузнавачки служби основна форма на финансирање на ОВК се трговијата со дрога, која изнесува најмалку половина од своите средства, а добар дел од останатите средства беа собрани преку криминални активности.

Ослободителна војска на Косово (ОВК)
(Ushtria Çlirimtare e Kosovës - UÇK)
Учесник во Косовска војна (1999)
Воен конфликт во Македонија (2001)
Период на делување1991 - 1999 официјално
неоифицијално сѐ уште опстојува
ВодачиХашим Тачи
Агим Чеку
Рамуш Харадинај
СедиштеПриштина, Република Косово
Подрачје на делувањеКосово, Северозападна Македонија & Северна Македонија
Бројносток. 25.000
СтаналаКЗК (1999 - 2009)
Официјално разформирана, денес дел од безбедносните сили на Република Косово
СојузнициАлбанија, Албанска дијаспора
ПротивнициСрбија, Македонија
Битки и војниКосовска војна
Војна во Македонија (2001)

ОВК била формирана во 1994 година, а првпат во јавноста се појави во 1996 година. Целта беше независно Косово, а користиле секакви средства за вооружена борба. Дел од структурите на ОВК се обучени и тренирани од британските САС и американската ЦИА. Основач и водач на ОВК, сè до неговата смрт во 1998 година беше Адем Јашари (алб. Adem Jashari), а после неговата смрт Хашим Тачи (алб. Hashim Thaçi) до распаѓањето на ОВК во 1999 година. Оваа организација е вклучена во судири и напади врз српските цивили на Косово, пред и по окупацијата на НАТО во 1999 година.[1][2].

Голем дел од структурите на ОВК учествуваа исто така и во војната 2001 година во Македонија.

Воени злосторства

уреди

Список на масакри извршени од терористите на ОВК

уреди
  • Масакр во Клечка (26–27 август 1998) – 22 изгорени тела на Косовски Срби се пронајдени во импровизиран крематориум, меѓу нив и жени и деца[3]
  • Масакр на Радоњичото езеро – убиство на 34 косовски Срби, кои масакрот се фрлени во езерото[4][5]
  • Убиствата во Гнилане – во мас��вни гробници се пронајдени 80 косовски Срби во околината на Гнилане[6]
  • Масакр во Ораховац – повеќе од 100 Срби и Роми се киднапирани, а околу 50 од нив се убиени во логори[7]
  • Масакр во Старо Грацко - ликвидирани 14 српски земјоделци[8]
  • Масовна гробница Угљаре - пронајдени 15 тела на косовски Срби[8][9]
  • Масакр во Волујак - масакр над 25 косовски Срби цивили[10]

Логори

уреди
  • Логор Лапушник
  • Логор Јабланица

Трговија со органи

уреди

При крајот на Косовската војна 1999 година, неколку стотина Срби и Роми се однесени во Албанија во таканаречената „Жолта куќа“, каде откако се убиени, им ги извадија органите за да ги продават на црно.[11]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. The United Nations & regional security: Europe and beyond by Michael Charles Pugh, Waheguru Pal Singh Sidhu, 2003, ISBN 1588262324, page 126
  2. The Fight Against Terrorism and Crisis Management in the Western Balkans by Iztok Prezelj, 2008, ISBN 1586038230, page 49-50
  3. United Nations. Security Council (2006). Documents Officiels. 53. On 26 and 27 August, in Klecka, 22 persons believed to be abductees reportedly were killed and their bodies burned in a makeshift crematorium. The precise number of victims and the circumstances of their death are being investigated.
  4. Heike Krieger (2001). The Kosovo conflict and international law: an analytical documentation 1974–1999. Cambridge University Press. стр. 38–. ISBN 978-0-521-80071-6. Посетено на 10 July 2016.
  5. Kosovo Forensic Expert Team - EXECUTIVE SUMMARY (complete)
  6. „Ex-KLAs sent to prison for 101 years“. The B92. Посетено на 10 July 2016.
  7. „Belgrade Remembers Victims from Orahovac“. Balkan Insight. 19 July 2012. Посетено на 10 July 2016.
  8. 8,0 8,1 United Nations (22 February 2002). Yearbook of the United Nations 1999. United Nations Publications. стр. 367–. ISBN 978-92-1-100856-2. Посетено на 10 July 2016.
  9. Review of International Affairs. 50–51. Socialist Alliance of the Working People of Yugoslavia. 1999. Massacre at the village of Ugljare: On 25 August 1999 KFOR officially reported on this abominable crime. 15 bodies of killed Serbs were discovered in a mass grave, among which were identified the bodies of Dragan Tomic and two members ...
  10. „KLA members suspected of 1998 war crime“. B92. 19 January 2007. Посетено на 10 July 2016.
  11. „United Nations Document“ (PDF). France24.com. Посетено на 10 July 2016.