Мис Елен Стон
Елен Марија Стон (англиски: Ellen Maria Stone; 24 јули 1846 - 13 декември 1927), попозната како Мис Стон — американска протестантска мисионерка која патувала низ Македонија со придружба од петнаесетина луѓе во 1901 година. Била киднапирана од четириесетина комити од четата на Јане Сандански на 3 септември 1901 година помеѓу Разлог и Горна Џумаја, во месноста Предел (Пиринска Македонија).
Елен Марија Стон | ||
Родена | 24 јули 1846 Роксбери, Масачусетс, САД | |
---|---|---|
Починала | 13 декември 1927 Челси, Масачусетс, САД | (возр. 81)
Странски пропаганди во Македонија |
---|
Комитите ги ослободиле луѓето од придружбата, а ги заробиле само неа и нејзината придружничка Катерина Цилка. Тие шест месеци биле задржани од комитите и криени од Турците на Малешевските Планини и на Пирин Планина, во Пиринска Македонија. Биле ослободени на 23 февруари 1902 година за откуп од 14.500 турски лири во злато, со кои македонските револуционери купиле оружје.[1] Мис Стон била задоволна од односот на комитите и народот кон неа, па подоцна за тоа кажувала и во интервјуа за американските весници. Дури напишала и книга, но пред печатењето целиот материјал изгорел во пожар во американскиот град Челзи, во која таа живеела, а таму и починала во 1927 година.
Катерина Цилка била бремена во моментот на киднапирањето и се породила, според некои извори, во Ратево, беровско, во текот на заробеништвото. Неколку години по ослободувањето од заложништво, Катерина Цилка со писмо од САД ѝ се заблагодарила на бабицата баба Миропа од Ратево за успешното породување што го имала во многу тешки услови.[2]
Еден од првите македонски играни филмови, Мис Стон (1958) е снимен токму според оваа приказна.
Телеграма од Солунскиот вилает 17 март 1902
уреди-
Изјава на Мис Елен Стоун за нејзиното грабнување од македонските комити близу Банско и за нивниот хуман однос спрема неа, Катерина и нејзиното новороденче.
-
Телеграма од Солунскиот валија со известување дека претседателот на Македонскиот врховен комитет Борис Сарафов ги примил парите за откуп на Мис Стоун.
Во целиот период додека траела драмата со киднапирањето на Мис Стон, создадени се преку 150 телеграми документи писма. Во прилог следи една телеграма со редовна комуникација меѓу турските власти.
„Одговор на 14 март 1902 година. При примањето на паричниот откуп за спас даден за ослободување на Мис Стон бил присутен претседателот на Македонскиот револуционерен комитет, Борис Сарафов лично. Самиот тој ги зел парите. Според известувањата доставени до вилаетот, Сарафов со група од дваесет и пет лица кои му припажале на споменатиот комитет, денес се наоѓа во правец на Горна Џумаја и Мелник. Доколку споменатиот навистина се наоѓа овде, со извршување на продлабочена истрага и иследување и за да не се остави простор за проширување на кругот на разбојничката дејност, излезот се бара во неговото заробување. Од Серското мутасарифиство шифрирано е е јавено дека за Сарафов, жив или мртов, се ветени педесет лири. Што се однесува пак до ова возвишено големовезирско ираде, до споменатото мутасариство се упатени ц��рсти препораки и, секако, ќе со достават информациите кои ќе се добиваат од различните фази на истрагата. Наредбата му припаѓ на оној што е овластен да наредува.“
Телеграма на Солунскиот валија Тефик со кој го известува големиот везир дека е исплатен откупот и дека е распишана потерница за претседателот на Македонскиот револуционерен комитет Борис Сарафов.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Carpenter, Teresa, "The Miss Stone Affair", Simon and Schuster, 2003.
- ↑ „Се распаѓа споменот за Мис Стон“, „Дневник“, 31.1.2009.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- "Аферата "Мис Стоун". Спомени, документи и материали", спомени на Елена Стоун, Катерина Цилка, Яне Сандански, Христо Чернопеев и Сава Михайлов, документи и материали, Издателство на Отечествения фронт, София, 1983 г. (бугарски)
- "Движението отсамъ Вардара и борбата съ върховиститѣ по спомени на Яне Сандански, Черньо Пѣевъ, Сава Михайловъ, Хр. Куслевъ, Ив. Анастасовъ Гърчето, Петъръ Хр. Юруковъ и Никола Пушкаровъ"; съобщава Л. Милетичъ. Издава „Македонскиятъ Наученъ Институтъ", София, 1927. "Материяли за историята на македонското освободително движение", книга VII. (бугарски)
- "Six Months Among Brigands" спомените на Ellen M. Stone
- "Born among Brigands; Mrs Tsilka's story of her Baby" спомените на Катерина Цилка