Машка кошаркарска репрезентација на Литванија

Машката кошаркарска репрезентација на Литванија е репрезентацијата кој ја претставува државата на меѓународните кошаркарски натпреварувања. Репрезентацијата е предводена од Литванската кошаркарска федерација, која е член на ФИБА Европа. Од 1940 до 1991 година Литванија била дел од СССР, а како самостојна играла во 1939 и од 1991 година па наваму.

Литванија
Ранг листа на ФИБА5-то
Член на ФИБА од1936
ФИБА зонаФИБА Европа
Национална федерацијаЛитванска кошаркарска федерација
ТренерКестутис Кемзура
Олимписки игри
Учества5 (1992, 1996, 2000, 2004, 2008)
Медали бронза: 1992, 1996, 2000
Светско првенство во кошарка
Учества3 (1998, 2006, 2010)
Медали бронза: 2010
Евробаскет
Учества11 (1937, 1939, 1995–2011)
Медали злато: 1937, 1939, 2003
сребро: 1995
бронза: 2007
Светли jersey
Team colours
Светли

Како самостојна, Литванија има 11 учества на Евробаскетот, каде освоила три злата, едно сребро и една бронза. Покрај тоа, таа има освоено една бронза на светските првенства од три учества и три бронзи на олимписките турнири од пет учества. За време на СССР, Литванците биле едни од најдобрите играчи.

Состав

уреди
позиција почетни резервни резервни
центар Робертас Јавтокас Марионас Петравичиус Јонас Валанчиунас
напад Паулиус Јанкунас Кшиштоф Лавринович Дариус Сонгаила
напад Симас Јасаитис Мартинас Поциус
бек Римантас Каукенас Томас Делининкаитис
бек Мантас Калниетис Шарунас Јасикевичиус

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди