Маркова Сушица

село во Општина Студеничани

Маркова Сушицасело во Општина Студеничани, во околината на градот Скопје.

Маркова Сушица

Поглед кон Маркова Сушица, од патот кон Добри Дол

Маркова Сушица во рамките на Македонија
Маркова Сушица
Местоположба на Маркова Сушица во Македонија
Маркова Сушица на карта

Карта

Координати 41°53′56″N 21°24′29″E / 41.89889° СГШ; 21.40806° ИГД / 41.89889; 21.40806
Општина  Студеничани
Население 65 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25086
Надм. вис. 464 м
Маркова Сушица на општинската карта

Атарот на Маркова Сушица во рамките на општината
Маркова Сушица на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Стара македонска куќа - чардаклија во селото Маркова Сушица

Маркова Сушица е скопско село во јужниот дел на Скопската Котлина, во составот на Општина Студеничани[2]. Селото лежи на локален пат и од левата страна на регионалниот пат кој води кон областа Поречје и вештачкото езеро Козјак, а од градот Скопје е оддалечено 18 км[2]. Маркова Сушица лежи на надморска височина од 370 метри во долината на Маркова Река, на нејзиниот лев брег недалеку од вливот на Патишка во Маркова Река[3], а во подножјето на ридскиот предел кој се издига кон северозапад.

Историја

уреди

Непосредната околина на селото Маркова Сушица е полна со старини од античкиот и средновековниот период. Најрано сведоштво за населеноста на местото дава наоѓалиштето Ебишница источно од селото, кое претставува населба од неолитското, бронзеното и железното време. Југозападно од селото се наоѓа возвишението Марково Кале со остатоци од тврдина (ѕидини дебели до 1 метар) за која населението верува дека ја изградил Крали Марко, која поради самата положба во долината на Маркова Река имала одбранбена функција[3]. Во околината на Марковиот манастир во средновековниот период биле изградени и повеќе други тврдини, помали цркви и испоснички ќелии, денес во рушевини, како што се Св. Архангел, Св. Богородица, Св. Атанасиј и денес возобновената Св. Никола[4]. Први пишани податоци за селото Сушица се сретнуваат во 1300 година на почетокот на XIV век, во повелбата на кралот Милутин, со која се потврдиле имотите и се дарувала шума кај селото Сушица на манастирот Свети Ѓорѓи - Горг Скоропостижник во Скопје[4]. Во средниот век селото Сушица повторно се споменува во пописот на црковните храмови во нејзината околина. Во минатото постоело предание дека Марковиот Манастир поседувал голем земјиштен имот по течението на Маркова Река сè до Драчево, меѓутоа по еден немил настан кога манастирскиот коњ убил некој селанец, игуменот на манастирот бил осуден на 16 години затвор во Битола, при што за негово ослободување се заложил некој Турчин, кој за возврат го добил манастирскиот земјиштен имот[4]. Во втората половина на XIX век, Сушица била чифлик во сопственот на албанскиот сточар и насилник Касам ќаја од селото Гургурница на Сува Гора, но поради тоа што овој западнал во долгови, во 1880 година чифликот морал да го продаде на Аџи Ибраим Бег[4].

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Чифчиството од кое Сушица се ослободила делумно во 1912 година, а целосно преку аграрна реформа во 1946 година, било многу тешко и поради тоа македонското население живеело во многу тешки и бедни услови, при што морало често да се иселува, а еднаш селото од 90 македонски христијански куќи спаднало дури на само 3 домови[5].

Стопанство

уреди
 
Лозјата на винаријата Сковин

Малубројното останато население денес најмногу се занимава со земјоделство. Поволните услови и плодното земјиште покрај Маркова Река условиле најмногу да се развие полјоделството, односно одгледувањето на житни култури (најмногу пченица и пченка), градинарски култури (пиперки, домати, краставици, кромид, лук) како и овоштарство и лозарство (ореви, цреши, сливи, кајсии, винова лоза и трпезно грозје). Сточарството е слабо застапено, а се одгледуваат овци и кози, а краврарска фарма постои близу манастирот, но таа е во сопственост на жители на соседното село Малчиште. Поради големиот број на викенд-куќи и привлечноста за туристи, во Маркова Сушица работат неколку продавници и угостителски објекти.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948163—    
1953152−6.7%
1961132−13.2%
197166−50.0%
198144−33.3%
ГодинаНас.±%
199122−50.0%
199424+9.1%
200253+120.8%
202165+22.6%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено по името Сушица и е христијанско, со 7 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 12 мажи христијани, без новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 24 жители.[6]

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 170 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Според пописот од 2002 година, селото брои 53 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 65 жители, од кои 25 Македонци, 1 Албанец, 28 Турци, 2 останати и 7 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 95 163 152 132 66 44 22 24 53 65
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Во селото секогаш и денес живеат само Македонци од православна христијанска вероисповед. Сите македонски родови во селото се доселеници, еден дел се постари доселеници уште во времеото на от��манското владеење, а другиот дел се понови доселеници после отоманското владеење. Македонски родови во селото се: Јовчевски и Савевчиња (двата рода од с. Долно Соње), Цековски (од с. Добри Дол), Неделкови, Спасовци, Гроздановчиња и Лазаровчиња (сите од с. Барово), Димовци и Чваровци (двата рода од с. Варвара)[5].

Општествени установи

уреди

Во селото сè уште постои старата зграда со интересна арихитектура на некогашното училиште „Браќа Миладиновци“ и зградата на месната заедница која сè уште е во употреба.

Цркви и манастири

уреди
 
Црквата „Св. Димитриј“ во Маркова Сушица

Самоуправа и политика

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди

Во непосредна близина на самиот крај на селото се наоѓа познатиот Марков Манастир, посветен на Свети Димитрија којшто почнал да се гради во 1345 година, а бил живописан во 1376/77 година[2]. Во него од 1802 до 1818, игумен бил познатиот македонски просветител и преродбеник Кирил Пејчиновиќ[2]. Близу манастирот се наоѓа и тврдината Марково Кале, веројатно изградена за негова заштита.

Археолошки наоѓалишта[14]
  • Ебишницанаселба од неолитското, бронзеното и железното време. Се наоѓа на 1 км источно од селото, на десниот брег на Умовска Река, кај нејзината утока во Маркова Река. Во нива, на длабочина од 4 м се откриени фрагменти од керамички садови и тегови.
  • Марков Манастир — осамен наод од доцноантичкото време. Во темелите на манастирот Св. Димитрија — Марков Манастир, десно од јужната врата е вѕидана ара од бел мермер со латински натпис.

Археолошки наоѓалишта

уреди
  • Ебишница — населба од неолитското, бронзеното и железното време
  • Марков Манастир — осамен наод кај од доцноантичко време кај манастирот


Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов Митко. „Енциклопедија на селата во Република Македонија“. Патрија, Скопје, 1998. стр.192
  3. 3,0 3,1 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.122
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.123
  5. 5,0 5,1 Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет, Скопје, 1958. стр.124
  6. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  7. Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 377. ISBN 9989-649-28-6.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди