Лебен квасец
Лебен квасец | |
---|---|
S. cerevisiae гледан на DIC микроскоп | |
Научна класифи��ација | |
Царство: | Fungi |
Колено: | Ascomycota |
Потколено: | Saccharomycotina |
Класа: | Saccharomycetes |
Ред: | Saccharomycetales |
Семејство: | Saccharomycetaceae |
Род: | Saccharomyces |
Вид: | S. cerevisiae |
Научен назив | |
Saccharomyces cerevisiae Meyen ex E.C. Hansen |
Лебен квасец или пивски квасец (науч. Saccharomyces cerevisiae) — вид на квасец. Тој е најкористениот квасец. Се користи во пекарството, производството на пиво и вино уште од антички времиња. Се верува дека првично бил изолиран од лушпата на грозјето (може да се забележи како компонента на тенкиот бел филм на лушпите на некои темно обоени овошја, како сливите; се наоѓа помеѓу восоците на растителната кутикула. Се размножува со процес на пупење.
Корисни својства
уредиПивскиот квасец изобилува со витамини од групата Б, еенцијални аминокиселини, железо, селен, цинк, магнезиум, калиум, натриум и други минерали. Поради тоа, тој има широк спектар на лековити дејства и особено им се препорачува на луѓето кои се изложени на зголемен ризик од појава на болести на нервниот или локомоторниот систем. Поради високата концентрација на витамините од групата Б, пивскиот квасец ги ублажува тегобите поврзани со болестите на нервниот систем и ги ублажува психичките пречки, уморот и депресијата. Исто така, тој го подобрува паметењето и концентрацијата, ја подобрува крвната слика и помага во лекувањето на слабокрвноста. Поради тоа, пивскиот квасец често се користи како додаток во исхраната, најчесто во форма на таблети или во прав.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Рузмаринот ги јакне мозочните функции“, Здравје, понеделник, 15 декември 2014, стр. 24-25.