Кутретино
Кутретино — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Кутретино | |
Поглед на селото | |
Координати 41°12′32″N 21°12′51″E / 41.20889° СГШ; 21.21417° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 264 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 10018 |
Надм. вис. | 650 м |
Кутретино на општинската карта Атарот на Кутретино во рамките на општината | |
Кутретино на Ризницата |
Потекло на името
уредиИмето на селото потекнува од личното име Кутретин или Кутрашин, кое се верува дека е од првиот жител. Така, се верува дека надворешно бил неугледен, ситен, поради што народот го викал кутриот, никоја жена не го сакала.[2]
Географија и местоположба
уредиОва село се наоѓа во Железник, во југоисточниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од десната страна на Црна Река, недалеку од патот Демир Хисар-Битола, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Битола.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 650 метри.[3]
Во Кутретино има претежно нови куќи, кои се изградени во непосредна близина на магистралниот пат Битола-Демир Хисар–Кичево. Селото од градот Демир Хисар е оддалечено околу 4 километри, а од градот Битола 25 километри. Селото се граничи со градот Демир Хисар на север, со селото Суводол на исток, со селата Загориче и Лопатица (Општина Битола) и со селото Стругово на запад.[2]
Селото е практично споено со соседното Суводол, така што дел од општествените установи се заеднички. Двете села ги делат училиштето, фудбалското игралиште, селската црква „Св. Константин и Елена“ и селските гробишта. Новите градби во ова село се направени на местото на некогашните плодни ниви, каде се доселиле луѓе од планинските села Боиште, Лесково и Церово.[4]
Во 1958 година селото добило електрична енергија, водовод има од 1966 година, а асфалтен пат од 1986 година.[2]
Историја
уредиСпоред легендата, во месноста Леска се наоѓала голема средновековна населба позната како Лескоец или Леска. Меѓу мештаните месноста е нарекувана и Старо Кутретино. Таму имало многу богата црква, која била уништена од Турците. Нејзините столбови и камени блокови биле однесени во селото Гопеш и вградени во црквата „Св. Преображение“.[4]
Селото Кутретино е споменато во пописните турски дефтери од 1468 година и од 1568 година. Во 1468 година имало 26 христијански семејства, 2 неженети и 3 вдовици, односно вкупно 147 жители. Во 1568 година имало 64 жители.[2]
Кутретино е заведено и во Слепченскиот кодик од XVI век.[2]
Во XIX век, Кутретино се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот е мал и зафаќа простор од 3,9 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 178 хектари, на шумите отпаѓаат 126 хектари, а на пасиштата 61 хектар.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]
Во селото има две продавници за колонијални стоки, две живинарски фарми, два отпада, една столарска работилница, еден автосервис, една кафеана и една воденица (млин).[2]
Населението одгледува разни зрнести и крмни растенија (компир, грав, пченка, пипер, тутун) и зеленчук.[2]
Во отоманскиот период се одгледувале пченица, јачмен, просо, се саделе лозја и се правело вино и се занимавале со гаење на пчели.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кутретино имало 52 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бараково имало 64 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кутретино се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 5 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]
Кутретино е мало село, но со пораст на населението. Така, селото во 1961 година броело 164 жители, а во 1994 година 271 жител, македонско население.[3]
Кутретино е едно од малкуте села во областа кои бележат раст на населението во последните децении.[4]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 301 жител, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 264 жители, од кои 257 Македонци, 1 Албанец и 6 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 52 | 64 | 159 | 161 | 164 | 197 | 179 | 259 | 271 | 301 | 264 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиКутретино е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[15]
- Со непознато потекло: Шопевци (2 к.), Ѓиковци (3 к.) и Китановци (2 к.), стари доселеници.
- Доселеници: Тодоровци (2 к.), Босилковци (2 к.) и Поповци (2 к.), доселени се во 1920 година од селото Вирово; Чагоровци и Богојовци (1 к.), доселени се во 1905 година од раселеното село Чагор кај Битола; Најденковци (2 к.), доселени се во 1913 година од селото Вирово и Тренчевци (2 к.), доселени се во 1920 година од селото Големо Илино. Таму им биле роднини Велковци.
Општествени установи
уреди- Подрачно училиште „Гоце Делчев“, подрачно основно училиште до V одделение на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар[16]
- Месна заедница
- Дом на култура
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Кутретино, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Мургашево, во која влегувале селата Белче, Кутретино, Мургашево, Слепче и Суводол.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0628 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 260 гласачи.[18]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[19]
- Леска — населба од средниот век;
- Св. Никола — осамен наод од римско време.
- Цркви[20]
- Црква „Св. Константин и Елена“ — главна селска црква која ја дели со соседното село Суводол
Редовни настани
уреди- Слави
- Свети Константин и Елена (3 јуни) — селска слава
Иселеништво
уредиОд Кутретино има десетина иселени домаќинства, главно во градовите Битола и Скопје, но има иселено и во европските и во прекуокеанските земји.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 50–51. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 170. Посетено на 25 март 2020.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-07-18. Посетено на 2020-03-25.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 238.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 јули 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к-5, АЕ 97.
- ↑ „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 март 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-03-25. Посетено на 25 март 2020.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.