Коџалија

село во Општина Радовиш, Македонија

Коџалија (поретко: Коџали) — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Коџалија

Поглед на селото

Коџалија во рамките на Македонија
Коџалија
Местоположба на Коџалија во Македонија
Коџалија на карта

Карта

Координати 41°41′21″N 22°25′13″E / 41.68917° СГШ; 22.42028° ИГД / 41.68917; 22.42028
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Област Јуруклак
Население 569 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22026
Надм. вис. 870 м
Коџалија на општинската карта

Атарот на Коџалија во рамките на општината
Коџалија на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 478 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба

уреди
 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак.[4] Со оглед на тоа што селото е сместено на југозападната падина на Плачковица, селото е планинско, сместено на надморска височина од 870 метри.[4] Од градот Радовиш е оддалечено 9 километри кон север.

До селото води асфалтен пат.

Историја

уреди

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 16,8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.248 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 286 хектари, а на пасиштата 130 хектари.[4]

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948563—    
1953615+9.2%
1961361−41.3%
1971351−2.8%
1981486+38.5%
ГодинаНас.±%
1991421−13.4%
1994398−5.5%
2002478+20.1%
2021569+19.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коџали живееле 250 жители, сите Турци.[6]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Коџалија живееле 264 Турци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци.[8]

Коџалија е средно село по големина, населено со турско население (Јуруци). Така, селото во 1961 година броело 361 жител, а во 1994 година 398 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Коџалија живееле 478 жители, сите Турци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 569 жители, од кои 557 Турци и 12 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 264 583 615 361 351 486 421 398 478 569
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]


Иселеништво

уреди

Дел од жителите на селото се имаат иселувано во Турција.

Општествени установи

уреди
 
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика

уреди

Во XIX век, Коџалија било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Коџалија, се наоѓале градот Радовиш и селата Али Коч, Козбунар, Коџалија, Прналија, Раклиш, Супурѓе и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурѓе и Тополница.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1602 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 375 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 413 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[5]
Џамии[17]

Култура и спорт

уреди

Во селото бил снимен документарниот филм „Тутунарче“ на македонската режисерка Билјана Гарванлиева, чија приказна била околу 14-годишно девојче од селото.[18]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јануари 2022.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Посетено на 16 јануари 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 10. Посетено на 11 јануари 2022.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 324. ISBN 9989-649-28-6.
  6. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 234.
  7. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 18 јануари 2022.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Welle (www.dw.com), Deutsche. „Македонско тутунарче на германска телевизија | DW | 22.11.2009“. DW.COM. Посетено на 2022-01-18.

Поврзано

��реди

Надворешни врски

уреди