Киро Крстески - Платник

политичар

Киро Крстески - Платник (20 јули 190920 јуни 1965) — македонски комунист, учесник во НОВ.

Киро Крстески - Платник
Роден 20 јули 1909
Прилеп, Османлиско Царство
(денес Македонија)
Починал 20 јуни 1965(1965-06-20) (возр. 55)
Скопје
Националност Македонец
За Киро Крстев, народниот херој од Кавадарци, видете Киро Атанасовски

Бил припадник на работничкото и комунистичкото движење. Во 1940 година бил затворен во Македонски Брод, каде што бил тепан и измачуван од српската полиција.[1]

По окупацијата станал нелегален, во септември 1941 година се приклучил на партизанското движење. Бил командир на Прилепската партизанска чета.[2] Потоа станал борец на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ и учествувал во нападот на Прилеп. Го подготвил формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“ во 1942 година и бил командант на Обласниот оперативен штаб. Во 1943 година бил политички комесар на Втората оперативна зона на Македонија и учествувал во борбите кај Дебрца. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. Крајот на војната го дочекал со чин мајор и началник на економското одделение при Главниот штаб на Македонија.

По војната заземал високи функции. Дошол во судир со некои партиски и државни раководители и предвреме бил пензиониран.[3]

Во негова чест, домот за стари и изнемоштени лица во Прилеп го носи неговото име.

Наводи

уреди
  1. „Киро Крстески - Платник“, oldprilep
  2. „Јоска Јорданоски - Сандански“, oldprilep[мртва врска]
  3. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 764 стр.