Квадво Асамоа (роден на 9 декември 1988 во Акра) — поранешен фудбалер од Гана, играч од одбраната или од средниот ред.

Квадво Асамоа
Лични податоци
Роден на 9 декември 1988(1988-12-09)(36 г.)
Роден во Акра, Гана
Држава Гана Гана
Висина &100000000000001730000001,73 м
Играчки податоци
Позиција Среден ред
Повлекување 5 октомври 2022 (33 г.)
Младинска кариера
Каземан
Либерти Профешналс Либерти Проф.
Белинцона Белинцона
Торино Торино
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2012 Удинезе Удинезе 114 (8)
2012-2018 Јувентус Јувентус 116 (4)
2018-2020 Интер Интер 40 (0)
2018-2020 Каљари Каљари 9 (0)
Репрезентација
2009-2019 Гана Гана 74 (4)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Технички одлики

уреди

Најчесто игра како крило, но исто така, може да биде распореден како внатрешен играч од средниот ред или како плејмејкер, па дури и на позицијата лев бек ако е потребно. Има извонредни тркачки способности, добра физика и одлична техника, а во декември 2012, бил додаден на списокот на 100 најдобри играчи во моментов од страна на весникот Гардијан[1] (87. место).

Кариера

уреди

Почетоците на кариерата

уреди

Својата професионална кариера Асамоа ја започнал во екипата на ��аземан во својата родна Гана, но веќе следната сезона се префрлил во Либерти Профешналс. Во зимскиот преоден рок 2008 година, бил ангажирани за Купот на африканските нации, и таму бил забележан од швајцарската екипа Белинцона (тогаш играле во втората швајцарска лига), но швајцарското законодавство за работниците кој доаѓаат надвор од Европа не му дозволува да добие дозвола за престој и работа.[2] Затоа на крајот на јануари истата година, откако веќе потпишале договор со него, властите на Белинцона го пратиле во италијанскиот Торино на заем со право на откуп од 3.000.000 €.[3] Тој го направил своето деби во Кампионато Примавера, на 23 февруари во натпреварот против Каљари што Торино го добиле со 0-3.[4] Добрите игри во подмладокот му носат повик во првиот тим за натпреварот од Серија А против Каљари (пораз 3-0) на 16 март 2008, но Асамоа останал неискористена замена.[5] До крајот на сезоната играл само за примавера и не одиграл ниту еден натпревар за првиот тим.

Удинезе

уреди
 
Асамоа во дресот на Удинезе во 2011.

Во летото 2008 година, откако Торино не го искористил правото на откуп, Асамоа отишол на заем во екипата на Удинезе, кој сега имал шанса да го откупи за еден милион евра. Своето деби за клубот од Удине го направил против Сампдорија, на 11 декември 2009, влегувајќи како замена во последните 20 минути. Во следното коло веќе бил стартер во натпреварот против Каљари, за првпат во неговата европска кариера. Својот прв погодок во црно-белиот дрес на Удинезе го постигнал на 19 април 2009 против Фјорентина. Првата сезона како професионалец во Европа ја завршил со два постигнати гола и неколку одлични партии кој ги пружил во дваесеттината одиграни натпревари.

Добрите игри му дозволиле да остане во Удине, така што управата на клубот ги откупиле неговите права во летото 2009 година. Во следната сезона тој постигна само еден гол, но на тимот повеќе им значеше неговата борбеност и работата што ја врши тој во средината на теренот од постигнувањето на голови, па и понатаму е дел од почетните единаесет на тимот.

Во сезоната 2010-11 тој е еден од најстандарните играчи во тимот и ги одигра сите 38 меча, влегувајќи само еднаш како резерва и тоа во против Бреша на 17 октомври. Истата сезона постигнал и два гола, но тие дошле во завршницата од сезоната во месец мај; против екипите на Фjорентина во поразот со 5-2 и против Кјево во победата од 2-0. Удинезе сезоната ја завршиле на одличното 4. место што води во квалификациите за шампионската лига.

Посебно добар впечаток Асамоа оставил во својата последна сезона со фриулианите. По заминувањето на чилеанецот Алексис Санчес, Асамоа станал еден од клучните играчи и заедно со капитенот Антонио Ди Натале го водат Удинезе до третото место во Серија А (напредок во однос на претходната сезона) и уште една шанса да се пласираат во Лигата на шампионите. Тој успеал и да се запише во списокот на стрелците во натпреврите против Чезена (4-1) и Парма (3-1, два гола).

Јувентус

уреди

Во јуни 2012 Асамоа се пресели во Јувентус заедно со соиграчот од Удинезе Маурисио Исла. Асамоа ја започнал својата кариера во Јувентус на најдобар можен начин, постигнувајќи го својот прв гол во Суперкупот на Италија против Наполи во триумфот на неговиот клуб со 4-2. Во првото коло од првенството против Парма на 25 август 2013, Асамоа бил стартер за Јувентус што било негово деби за клубот на домашен терен. Тој му асистирал на Стефан Лихтштајнер во 54-тата минута, при постигнувањето на првиот гол во натпреварот, кој Јуве на крајот го добил со 2-0.[6] Иако неговата природна позиција е централен играч за врска, тој одлично се снашол на левата страна на теренот (каде играл во текот на целата сезона) од каде направил безброј корисни пробиви и запишал вкупно шест асистенции во својата прва сезона во клубот. Во 27 натпревари во кој настапил во сезоната 2012-13, Асамоа постигнал 2 гола против Џенова и Пескара, но овој вториот со ножички бил посебно убав.[7] По завршувањето на сезоната успеал да го грабне својот прв позначаен трофеј во кариерата освојувајќи го скудетото.

Следната сезона исто така бил стандарден првотимец по левата страна на таа таканаречена позиција бек/крило. На 16 февруари 2014 година, го постигнал првиот погодок во победата со 3-1 на бјанконерите над Кјево на домашен терен. На 9 март го постигнал единствениот гол во натпреварот за победа над Фјорентина со 1-0 во Торино.[8] Со два гола во 34 настапи во Серија А, придонел за Јуве да ја одбрани титулата и да го освои 30-тото скудето.

На 17 декември 2018 го одиграл својот 150-ти натпоревар во дресот на Јувентус, во ремито 0-0 на гостувањето кај СПАЛ во Серија А. Во јуни 2018, Асамоа станал слободен играч откако одбил да го продолжи договорот со Јувентус.

Интер

уреди

На 2 јули 2018, Интер го потврдиле доаѓањето на Квадво Асамоа во нивните редови со слободен трансфер.

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 18 мај 2014.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008-2009   Удинезе A 20 2 КИ 2 0 КУ 6 0 - - - 28 2
2009-2010 A 25 1 КИ 2 0 - - - - - - 27 1
2010-2011 A 38 2 КИ 1 0 - - - - - - 39 2
2011-2012 A 31 3 КИ 0 0 ЛШ+ЛЕ 2[9]+7 0 - - - 40 3
Вкупно Удинезе 114 8 5 0 15 0 - - 134 8
2012-2013   Јувентус A 27 2 КИ 1 0 ЛШ 7 0 СИ 1 1 36 3
2013-2014 А 34 2 КИ 1 0 ЛШ+ЛЕ 5+6 0+0 СИ 1 0 47 2
Вкупно Јувентус 61 4 2 0 18 0 2 1 83 5
Вкупно во кариерата 175 12 7 0 33 0 2 1 215 13

Титули

уреди

  Репрезентација на Гана

уреди

  Јувентус

уреди

Наводи

уреди
  1. guardian.co.uk, уред. (24 декември 2012). „The world's best footballers: the top 100 list“ (англиски). Посетено на 17 јули 2013.
  2. „Toro, c' Asamoah il gioiello d'Africa Arriva domani da venerdi' si allenera' con Novellino“. La Stampa. 13 февруари 2008. Посетено на 29 август 2012.[мртва врска]
  3. „Vailatti e Melara in prestito semplice al Livorno“. 31 јануари 2008. Посетено на 29 август 2012.[мртва врска]
  4. „Primavera Per Juve e Toro un doppio 3-0“. La Stampa. 24 февруари 2008. Посетено на 29 август 2012.[мртва врска]
  5. „Cagliari 3 - 0 Torino“. 16 март 2008. Посетено на 29 август 2012.[мртва врска]
  6. Јувентус-Парма 2-0 Стрелци:С. Лихтштајнер 54' (асистенција на К. Асамоа) и А. Пирло 58'
  7. Kwadwo Asamoah 3rd Goal juventus vs pescara
  8. gazzetta.it, уред. (9 март 2014). „Juventus-Fiorentina 1-0, perla di Asamoah. Traversa di Matos nel finale“. Посетено на 9 март 2014.
  9. Во плеј-офот.

Надворешни врски

уреди