Ката Лахтова

политичарка

Ката Лахтова (30 август 1924, Радовиш - 24 февруари 1995) била претседател на собранието на Социјалистичка Република Македонија.

Ката Лахтова
Претседател на Собранието
На должноста
28 април 1984 – 25 април 1985
Претходник Бошко Станковски
Наследник Станко Младеновски
Лични податоци
Роден(а) 30 август 1924
Радовиш, Кралство СХС
Починал(а) 24 февруари 1995(1995-02-24) (возр. 70)

Од 1944 година е учесник во НОБ, кога што била примена и за член на Комунистичката партија на Југославија. Во НОБ била политички комесар на чета и заменик политички секретар на баталјон.

Во својата долгогодишна работа и активност од ослободувањето на земјата до крајот на нејзиниот живот (24 февруари 1995 година), се здобила со богато искуство, извршувајќи притоа повеќе одговорни раководни должности и функции во органите на Републиката и во општествено-политичките организации. Била секретар на Околискиот комитет на КПМ во Радовиш, член на Управата за агитација и пропаганда на ЦК СКМ, секретар на Општинскиот комитет на КПМ - Охрид, секретар и претседател на Комисијата за статутарни прашања на СКМ, член на Централниот комитет на СКМ, член на Главниот одбор на Народниот фронт на Македонија, претседател на Конференцијата за општествена активност на жените, член на Секретаријатот на Сојузниот одбор за општествената положба на жените на Југославија, делегат на Собранието на СРМ во Собранието на СФРЈ, претседател на Општествено-политичкиот одбор на Собранието на СРМ и потпретседател на Собранието.

Својствено за времето во коешто дејствува и работи, Ката Лахтова се пројавува како голем борец за развој на општествено-политичкиот и економскиот живот, за изградбата на општеството врз самоуправни односи, за доминантната улога на работничката класа, а се залага и за развивање и јакнење на братството и единството, рамноправноста и заедништвото на македонскиот народ и народностите.

Со своите работни, стручни и морално-политички квалитети и способности се стреми за примената и развивањето на колективната работа и одлучувањето, за остварување на личната и колективната одговорност, а се пројавува и како борец против антисоцијалистичките и антисамоуправните појави, како и против сите видови национализам, сепаратизам, шовинизам, иредентизам итн.

Функцијата претседател на Собранието на Република Македонија ја извршува од 28 април 1984 до 25 април 1985 година.[1]

Извори

уреди
  1. Собрание на РМ - Ката Лахтова
Политички функции
Претходник
Бошко Станковски
Претседател на Собранието на Македонија
1984-1985
Наследник
Станко Младеновски