Кале (Шурленци)
„Кале“
| |
Местоположба | 41°00′16″N 20°55′41″E / 41.00444° СГШ; 20.92806° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Шурленци |
Општина | Ресен |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Кале (Калето) — археолошко наоѓалиште во преспанското село Шурленци. Претставува тврдина од средниот век. Се наоѓа југозападно од селото, каде што се издига ридот Магарица, на кој доминира над брегот на Преспанското Езеро и над патот што води за Отешево и Стење. На самиот врв има висорамнина, издолжено во правец исток-запад и со површина од 5-6 хектари, на кое се наоѓаат остатоци од бедем ѕидан од камен и кал, широк 1 метар и со височина наместа зачувана до 2 метри. На јужната страна има остатоци од три одбранбени појаси од ѕидови, наредени еден под друг. Во внатрешниот простор на тврдината се забележуваат темели од помали објекти и множество градежен материјал.
Според истражувањата на Томо Томоски, се работи за утврдениот град Константион, кој постоел во XI век.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |