Историја на Босна и Херцеговина

Следува хронолошки поглед на историјата на Босна и Херцеговина:

Дел од темата Босна и Херцеговина

Историја

Античка историја

Рана историја
Илирик
Среден Век
Османлиско Царство
Австроунгарија
Кралство СХС
Втора Светска војна
СФРЈ
Босанска војна

Портал:Босна и Херцеговина

Рана историја

уреди

Среден век

уреди

Отоманска ера (1463–1878)

уреди

Историјата на Босна и Херцеговина во рамките на Османлиското Царство го опфаќа периодот од 1463 до 1878 година. По освојувањето на Србија, Османлиите продолжиле кон Босна. Првите напади започнале во 1384 година. Во 1392, Османлиите го зазеле Скопје и го основале Скопскиот санџак, главниот град на српската империја помеѓу 1346-1371. Новоосвоените територии во Босна биле управувани од страна на Скопскиот санџак.

По смртта на кралот Твртко I во 1391 Босанското Кралство започнало да се распаѓа. Во 1410-тите, локалните благородници Хрвоје Вукчиќ, Сандал Храниќ и Павле Раденовиќ контролирале големи делови од територијата на Твртко. Во 1413 Хрвоје Вукчиќ и Сандал Храниќ влегле во конфликт. Хрвоје Вукчиќ стапил во сојуз со Османлиите. Османлиите издвојувале голема победа во август 1415 година во близина на Добој. По оваа победа Сандал Храниќ кој го контролирал источниот дел од Херцеговина, станал османлиски вазал. Босанскиот крал Твртко II морал да плаќа годишен данок од 1437 година. Бидејќи касата била празна, босанскиот крал морал да отстапи неколку тврдини на источниот дел од земјата. Во тој период започнала исламизацијата на Босна. Во 1443 на босанскиот престол застанал Стефан Томаш кој ги сопрел даноците кон Османлиите бидејќи се надевал на папската помош и Матеј Корвин, кралот на Унгарија. Но во 1463 година султанот Мехмед II извршил инвазија во Босна со 150,000 војници. Кога султанот пристигнал во Босна, кралот побегнал во Јајце каде бил погубен. Градот Бобовац паднал на 19 мај 1463 година а по ова паднале Јајце и Клуч. Според некои податоци, околу 100.000 христијани биле одведени кон источните земји, а околу 30,000 станале јаничари. Херцеговина под османлиска власт паднала во 1482 година.

На територијата на Босна и Херцеговина биле формирани Босански вилает и Херцеговски вилает. Во периодот од 1831 до 1833 година избувнало Големото босанско востание кое завршило со неуспех. Во периодот од 1875 до 1878 година избувнало Херцеговското востание кое завршило со окупација на земјата од страна на силите на Австроунгарија.

Австроунгарска ера (1878–1918)

уреди

Според Берлинскиот конгрес од 1878 година во Босна и Херцеговина бил воведен окупаторски режим на Австроунгарија под изговор да се воспостави мир и ред по немирите во двете области во 1875-1878 година. Османлискиот султан го задржил на хартија суверенитетот на земјата кое било потврдено со билатерална конвенција во април 1879 година. Уште кон крајот на истата година и во почетокот на 1880 година, сепак Австроунгарија ја вклучила Босна и Херцеговина во своите граници и во даночниот систем. Управувањето било ставено под директна контрола од Министерството за финансии во Виена. Во 1881 година била воведена воена служба за месното население, што довело до вооружен востание во Херцеговина во почетокот на 1882 година.

Младотурската револуција довела до зајакнување на англиското влијание во Цариград за сметка на австриското. Ова довело до стравување во Виена дека дека босанското население ќе бара автономија. Поради овие причини императорот Франц Јосиф одлучил да ја озакони еднострано власта во Босна и Херцеговина. Тоа станало на 24 септември 1908 година.

Босна и Херцеговина била доследна со прогласувањето на независноста на Бугарија два дена порано (22 септември). Речиси во исто време парламентот на автономниот Крит го отфрлил декларативно суверенитетот на султанот и објавил пристапување кон грчката држава. Овие нарушувања на Берлинскиот конгрес предизвикале дипломатска криза меѓу двата европски сојузи - Централните сили и Антантата. Српскиот министер за надворешни работи Милован Миловановиќ протестирал против активностите на Австроунгарија и побарал враќање на статус кво од пред анексијата или територијален надоместок во случај анексијата биде признаена. Како одговор Австроунгарија започнала да се подготвува за војна. Русија застанала на страната на Србија и за возврат барала ревизија на Берлинскиот конгрес, што ќе овозможи слободно преминување на нејзини воени бродови преку Босфорот и Дарданелите. Руските сојузници Франција и Велика Британија го отфрлиле ова барање.

На 13 февруари Отоманското Царство и Австроунгарија сепак склучуиле договор, што го потврдил приемот на Босна и Херцеговина кон двојната монархија. Во замена Австроунгарија ги повлекла своите војници од Новопазарскиот санџак и платила на отоманската влада 2,5 милиони фунти. Под притисок на Австроунгарија и нејзиниот сојузник Германија, на 9 март 1909 година Русија била принудена да ја признае анексијата. Под закана да ја води сама војната, Србија исто така ја признала анексијата неколку дена подоцна.

Во февруари 1910 година австроунгарските власти дале ограничена самоуправа на Босна и Херцеговина. Бил воведен устав со кое се формирал парламент, но не била обезбедена автономија на двете области. Со уставот и со делумното решавање на ова прашање во 1911 година австроунгарската влада заработила поддржувачи како меѓу хрватската и меѓу српската и муслиманската заедница. Радикалните приврзаници на единство со Србија, сепак одговорила на анексијата на Босна и Херцеговина основајќи ја револуционерната организација "Млада Босна". Од 1910 година натаму таа извршила редица напади врз високи претставници на австроунгарската власт. Кај еден од нив во јуни 1914 година во ��араево бил убиен австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд. Ова станало повод за избувнувањето на Првата светска војна.

Кралство Југославија (1918–1941)

уреди

По крајот на Првата светска војна, земјата била вклучена во составот на Кралство СХС, подоцна познато како Кралство Југославија.

Втора светска војна (1941–1945)

уреди

Социјалистичка Југославија (1945–1992)

уреди

По крајот на Втората светска војна била формирена Социјалистичка Република Босна и Херцеговина со главен град Сараево.

Босанска војна (1992–1995)

уреди

Независна Босна и Херцеговина

уреди

Босна и Херцеговина според своето државно уредување е единствената држава во светот. Нејзиното уредување е од републички карактер, иако самата држава не функционира ниту пак се дефинира како република поради сложеноста на единиците накои се дели ( ентитети и кантони). Својата независност ја стекнува на 5 април 1992 година со кое на референдумот се усогласува да се удвои од СФРЈ од кои претходно веќе беа излегле Словенија, Хрватска и Македонија. Владата според тогашниот устав се составила на 14 декември 1995 година по потпишувањето на мировниот договор со кое и заврши војната во Босна.