Издеглавје
Издеглавје — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, југозападна Македонија.
Издеглавје | |
Поглед на влезот во селото Издеглавје | |
Координати 41°20′11″N 20°49′36″E / 41.33639° СГШ; 20.82667° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Дебрца |
Област | Дебрца |
Население | 44 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6344 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 19019 |
Надм. вис. | 779 м |
Слава | Митровден |
Издеглавје на општинската карта Атарот на Издеглавје во рамките на општината | |
Издеглавје на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Издеглавје се наоѓа во областа Дебрца, меѓу Славеј и Илинска Планина. Од Охрид е оддалечено 31км, Издеглавје граничи со следните села: од север и северозапад со селата Лактиње и Арбиново, од запад со селото Песочани, од исток со Слатино, и од југ со Оздолени и Слатински Чифлик. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Кочица, Ралејца, Врежалица, Бела вода, итн.
Историја
уредиВо XIX век, Издеглавје се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.
Во октомври 1943 година во Издеглавје бил организиран Првиот свештенички собор на кој била донесена одлуката за возобновување на Охридската Архиепископија како Македонска православна црква.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Издеглавје имало 220 жители, сите Македонци христијани.[2] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Издеглавје имало 224 жители.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Издеглави е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 28 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Издеглавје живееле 136 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 44 жители, од кои 26 Македонци и 18 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 220 | 224 | 471 | 529 | 566 | 445 | 339 | 176 | 150 | 136 | 44 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиВо минатото до кај средината на XVIII век во атарот на селото Издеглавје постоело селото Зглавица. Тоа село било огромно и имало околу 500 куќи, но Турците го уништиле селото и многу население убиле. Од тие што преживеале некои го основале денешното Издеглавје, а некои отишле во поддалечните места. Родови во селото Издеглавје се:[12]
Тувчевци или Шулевци (20 к.), Трповци (5 к.), Куловци (5 к.), Милевци (3 к.), Гавриловци (6 к.), Игларовци (3 к.), Стојановци (4 к.), Паунковци (4 к.), Николовци (3 к.) и Србиновци (4 к.), староседелци, кои живееле во раселеното село Зглавица; Коњаровци (4 к.) и Савевци (3 к.), доселени се од селото Арбиново, Коњаровци таму имаат истоимени роднини кои се староседелци, и Савевци имаат роднини во Арбиново кои се староседелци; Китановци (5 к.), доселени се однекаде, некои за нив мислат дека се доселени од некое место во Албанија; Штакаровци (2 к.), доселени се од селото Нерези, Дримкол; Цолевци (2 к.), доселени се од селото Врбјани, во Врбјани биле староседелци, таму им се род Гавриловци; Чавдаровци (2 к.), доселени се однекаде.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Издеглавје се:[13]
- Староседелци: Шулевци (35 к.); Ничевци (7 к.); Марковци (10 к.); Чавдаровци или Андревци (3 к.); Лулевци (7 к.); Китановци (8 к.) и Смилевци или Милевци (3 к.).
- Доселенички: Коњаровци (3 к.), доселени се во 1850 година од соседното село Арбиново, таму припаѓале на истоимениот род; Прензовци (2 к.), доселени се во 1860 година од селото Сливово, таму припаѓале на истоимениот род; Митревци (1 к.), доселени се во 1865 година од селото Нерези, Дримкол и Димовци (2 к.), доселени се во 1870 година од селото Оздолени, таму припаѓале на родот Шулевци.
- Роми: Демировци (1 к.), доселени се во средината на XIX век од некое место, овде дошле како ковачи.
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Дебрца“ до V одделение[14], подрачно училиште на ОУ „Дебрца“ - Белчишта
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Издеглавје, во која покрај селото Издеглавје, се наоѓале и селата Оздолени, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Слатински Чифлик, во која влегувале селата Издеглавје, Оздолени, Слатино, Слатински Чифлик и Сошани.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1325 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 83 гласачи.[16]
Културни и природни ��наменитости
уредиСпоред преданијата и археолошките испитувања се смета дека некогаш во селото имало 18-26 цркви. Многу од нив се наоѓаат во урнатини.[17]
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква, потекнува од XX век, околу која се наоѓаат и селските гробишта
- Црква „Св. Софија“ — изградена 2001, а осветена 2005 година
- Црква „Св. Никола“ — помала црква, прогласена за културно наследство на Македонија[20]
- Археолошки наоѓалишта[21]
- Зглавиница - Старо Село — црква и некропола од средниот век
- Манастириште — црква од средниот век
- Св. Димитрија — црква од средниот век
Личности
уреди- Наум Илиев — македонски револуционер.
- Сандре Мојсов Митрески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Наум Силјаноски — македонски партизан
- Арсе Лулески — македонски партизан
- Арсо Гиноски — македонски партизан
- Серафим Китаноски — македонски партизан
Иселеништво
уредиОд Шулевци иселеници има во САД (едно семејство, од 1903 година); од Коњаровци иселеници има во САД (едно семејство, од 1903 година)
Вељановци се иселени во Охрид во 1870 година, во Издеглавје припаѓале на некој род.[13]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 164-165.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 октомври 2016.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
- ↑ 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Дебрца-Издеглавје. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
- ↑ „За училиштето“. македонски: ОУ „Дебрца“ - Белчишта. Архивирано од изворникот на 2016-08-25. Посетено на 22 август 2016.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Стојчевска- Антиќ, Вера; Методиј Златанов (2006). По стапките на христијанството во Македонија. I, II & III (прво. изд.). Скопје: Дијалог.
- ↑ „Цркви“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-09-18. Посетено на 2010-12-19.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 248. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
Надворешни врски
уреди- Издеглавје на Ризницата ?
- Сателитска снимка на Издеглавје на Карти на Гугл