Знамиња во Европа

список на статии на Викимедија

Ова е галерија на државни и национални знамиња во Европа. Галеријатаопфаќа само независни држави, зависни територии и непризнати самопрогласени држави. Автономните региони и републики не се наведени.

Европа.
Европа.

Независни држави

уреди
знаме датум употреба Опис
  1918 — 1938
1945 —
Знаме на Австрија Три хоризонтални ленти во црвена, бела и црвена боја.
  1992 — Знаме на Албанија Црн двоглав орел на црвена позадина.
  1866 — Знаме на Андора Три вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја со националниот грб во средина.
  1918 — Знаме на Азербејџан Три хоризонтални ленти во сина, црвена и зелена боја со полумесечина и ѕвезда во средината.
  1831 — Знаме на Белгија Три вертикални ленти во црна, златна и црвена боја.
  1995 — Знаме на Белорусија Две нееднакви хоризонтални ленти во црвена и зелена боја, со национален мотиф на бела основа во вертикална положба на прицврстениот дел.
  1998 — Знаме на Босна и Херцеговина Сина позадина на која има златен триаголник и девет ѕвезди.
  1878 — 1946
1991 —
Знаме на Бугарија Три хоризонтални ленти во бела, зелена и црвена боја.
  1929 — Знаме на Ватикан Две вертикални ленти во жолта и бела боја со грбот на белата лента.
  1919 — 1933
1949 —
Знаме на Германија Три хоризонтални ленти во црна, црвена и златна боја.
  2004 — Знаме на Грузија Бела позадина на која има голем црвен крст и по еден мал црвен крст во кантоните.
  1978 — Знаме на Грција Сина позадина со четири бели ленти и бел крст во горниот лев кантон.
  1219 — Знаме на Данска Црвена позадина со бел нордиски крст.
  1918 — 1940
1990 —
Знаме на Естонија Три хоризонтално ленти во сина, црна и бела боја.
  1918 — Знаме на Ерменија Три хоризонтални ленти во црвена, сина и портокалова боја.
  1922 — Знаме на Ирска Три вертикални ленти во зелена, бела и портокалова боја.
  1915 — Знаме на Исланд Сина позадина со црвен нордиски крст со бели граници.
  1948 — Знаме на Италија Три вертикални ленти во зелена, бела и црвена боја.
  1960 — Знаме на Кипар Бела позадина со приказ на картата на островот и маслинови зелени гранчиња околу него.
  1918 — 1940
1990 —
Знаме на Латвија Три нееднакви хоризонтални ленти во црвена, бела и црвена боја.
  2004 — Знаме на Литванија Три хоризонтални ленти во жолта, зелена и црвена боја.
  1937 — Знаме на Лихтенштајн Две хоризонтални ленти во сина и ��рвена боја со кралската круна во кантонот.
  1972 — Знаме на Луксембург Три хоризонтални ленти во црвена, бела и сина боја.
  1995 — Знаме на Македонија Црвена позадина со стилизирана поедноставена Ѕвезда од Кутлеш т.е. сонцето на слободата.
  1964 — Знаме на Малта Две вертикални ленти во бела и црвена боја со Малтешкиот крст во горниот лев кантон.
  1990 — Знаме на Молдавија Три вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја со националниот грб во средина.
  1881 — Знаме на Монако Две вертикални ленти во црвена и бела боја.
  1821 — 1844
1898 —
Знаме на Норвешка Црвена позадина со син нордиски крст со бели граници.
  1801 — Знаме на Обединетото Кралство Сина позадиа на која има црвен англиски крст со бели граници и бел шкотски крст со црвени ленти.
  1919 — Знаме на Полска Две хоризонтални ленти во бела и црвена боја.
  1911 — Знаме на Португалија Две вертикални нееднакви ленти во зелена и црвена боја со националниот грб над нив.
  1848, 1867 — 1948
1989 —
Знаме на Романија Три вертикални ленти во сина, жолта и црвена боја.
  1883 — 1918
1993 —
Знаме на Русија Три хоризонтални ленти во бела, црвена и сина боја.
  Знаме на Сан Марино Две хоризонтални ленти во бела и сина боја со националниот грб во средина.
  2004 — Знаме на Србија Три хоризонтални ленти во црвена, сина и бела боја со националниот грб над нив.
  1992 — Знаме на Словачка Три хоризонтални ленти во бела, сина и црвена боја со националниот грб над нив.
  1991 — Знаме на Словенија Три хоризонтални ленти во бела, сина и црвена боја со националниот грб над нив.
  1844 — Знаме на Турција Црвена позадина со бели полумесечина и ѕвезда.
  1918 — 1920
1992 —
Знаме на Украина Две хоризонтални ленти во сина и жолта боја.
  1957 — Знаме на Унгарија Три хоризонтални ленти во црвена, зелена и бела боја.
  1918 — Знаме на Финска Бела позадина на која има син нордиски крст.
  1794 — 1814
1830 —
Знаме на Франција Три вертикални ленти во сина, бела и црвена боја.
  1937 — Знаме на Холандија Три хоризонтални ленти во црвена, бела и сина боја.
  1990 — Знаме на Хрватска Три хоризонтални ленти во црвена, бела и сина боја со националниот грб во средината.
  2004 — Знаме на Црна Гора Црвена позадина со златни граници и со националниот грб во средина.
  1920 — 1939
1945 —
Знаме на Чешка Две хоризонтални ленти во бела и црвена боја со син триаголник на прицврстениот дел
  1889 — Знаме на Швајцарија Црвена позадина со бел крст.
  1569 — Знаме на Шведска Сина позадина со жолт нордиски крст.
  1981 — Знаме на Шпанија Три хоризонтални нееднакви ленти во црвена, жолта и црвена боја со националниот грб.

Зависни територии

уреди
знаме датум употреба дел од опис
  1960- Знаме на Азорите Португалија Две вертикални ленти во сина и бела боја со грбот и златна птица со ѕвезди.
  1960- Знаме на Акротири и Декелија Обединетото Кралство Нема свое знаме, но го користи знамето на Обединетото Кралство.
  1954- Знаме на Оланд Финска Сина позадина со црвен нордиски крст со златни граници.
  1985- Знаме на Гернзи Обединетото Кралство Бело знаме со црвен англиски крст со помал златен крст во црвениот.
  1502- Знаме на Гибралтар Обединетото Кралство Две хоризонтални нееднакви ленти со кула на белата лента и клуч на црвената.
  1960- Знаме на Мадејра Португалија Три ленти во сина, жолта и сина боја со крст во средина.
  c13- Знаме на Ман Обединетото Кралство Црвена позадина со бели споени три нозе.
  1940- Знаме на Фарските Острови Данска Бело знаме со црвен нордиски крст со сини граници.
  1980- Знаме на Џерси Обединетото Кралство Бела позадина со дијагонален црвен крст и со грбот на Џерси.

Непризнати држави

уреди
знаме датум употреба опис
  1992- Знаме на Абхазија Четири зелени и три бели ленти со црвен кантон на која има рака и седум ѕвезди во бела боја.
  1990- Знаме на Јужна Осетија Три хоризонтални ленти во бела, црвена и жолта боја.
  1983- Знаме на Турската Република Северен Кипар Бела позадина на која има две мали хоризонтални ленти во црвена боја и црвени полимесечина и ѕвезда.
  2008- Знаме на Косово Сино знаме со златна карта на Косово и со шест бели ѕвезди над картата.
  1992- Знаме на Нагорно-Карабах Три хоризонтални ленти во црвена, сина и портокалова боја со скалесто поставени бели коцки.
  2000- Знаме на Приднестровие Три хоризонтални ленти во црвена, зелена и црвена боја.

Останати независни ентитети

уреди
знаме датум употреба опис
  1130 — Независен воен ред Малта Црвено знаме со бел крст
  1986- Знаме на Европската Унија Сино знаме со 12 златни кружно поставени ѕвезди.

Поврзано

уреди