Жоао Кансело
Жоао Педро Кавако Кансело (роден на 27 мај 1994) — португалски фудбалер, играч од одбраната на Ал-Хилал и на португалската репрезентација.
Жоао Кансело | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 27 мај 1994 | ||
Роден во | Бареиро, Португалија | ||
Држава | Португалија | ||
Висина | м | 1,82||
Позиција | одбрана, среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Ал-Хилал | ||
Број | 20 | ||
Младинска кариера | |||
Бареиренсе | |||
Бенфика | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2012-2014 | Бенфика Б | 51 | (3) |
2014-2015 | Бенфика | 1 | (0) |
2014-2017 | Валенсија | 74 | (2) |
2017-2018 | → Интер | 26 | (1) |
2018-2019 | Јувентус | 25 | (1) |
2019- | Манчестер Сити | 98 | (5) |
2023 | → Бајерн Минхен | 15 | (1) |
2023-2024 | → Барселона | 31 | (2) |
2024- | Ал-Хилал | 10 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2010 | Португалија 16 | 6 | (0) |
2010-2011 | Португалија 17 | 17 | (1) |
2011-2012 | Португалија 18 | 7 | (0) |
2012 | Португалија 19 | 25 | (1) |
2013-2014 | Португалија 20 | 9 | (0) |
2014-2017 | Португалија 21 | 11 | (1) |
2016- | Португалија | 60 | (10) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Технички одлики
уредиДесен бек, кој исто така може да игра како странично во средниот ред или, по потреба, како десно крило; опремен е со извонредна брзина и техника, и добри центаршутеви во офанзивната зона.[1]
Клупска кариера
уредиБенфика
уредиРоден во Бареиро, округот Сетубал, Кансело започнал да игра фудбал во локалниот клуб Бареиренсе. Во 2007 година, на возраст од 14 години, тој се приклучил на младинскиот систем на Бенфика каде што играл и како десен и како лев бек.
Откако ги минал сите младински категории на Бенфика (вклучувајќи го и вториот тим Бенфика Б за кој одиграл 51 натпревар и постигнал 3 гола), на 25 јануари 2014 го направил своето деби за првиот тим, влегувајќи како доцна замена во победата со 1-0 над Жил Висенте во Лига купот на Португалија.[2] Својот прв настап во лигата го имал на 10 мај 2014, играјќи како стартер во поразот со 2-1 од Порто во натпревар во кој Бенфика веќе ја имала осигурано титулата во првенството.[3]
Валенсија и Интер
уредиНа 20 август 2014 година, Кансело и се приклучил на шпанската Валенсија со договор за едногодишна позајмица.[4] Неговото деби во Ла Лига се случило на 25 септември, играјќи го целиот натпревар против Кордоба на домашен терен во победата со 3-0; својата прва сезона во Валенсија ја завршил со 13 одиграни натпревари, во сите натпреварувања.
На 25 мај 2015 година, Валенсија трајно го откупила Кансело за 15 милиони евра,[5][6][7] потпишувајќи договор со него до 30 јуни 2021 година.[8]
Својот прв гол за "Лос Че" го постигнал на 16 септември во натпреварот од првото коло на групната фаза на Лигата на шампионите во кој Валенсија загубила на домашен терен од Зенит со 2-3.[9] Пред крајот на сезоната, на 20 април, тој го постигнал и својот прв првенствен гол во победата со 4-0 над Еибар, исто така, на Месталја.[10]
На 22 август 2017 година, Кансело му се приклучил на Интер со едногодишен договор за заем до 30 јуни 2018 година, со можност договорот на играчот да биде трајно откупен.[11] Договорот бил склучен како размена на играчи на заем, така што Жофри Кондогбија заминал во спротивната насока.[12] Своето деби за Интер го напр��вил во Серија А четири дена подоцна, заменувајќи го Антонио Кандрева во 83-тата минута во победата со 3-1 на гостувањето кај Рома.[13][14] Кон крајот на август 2017 се здобил со повреда на лигаментите на коленото, додека бил на репрезентативна должност, која го оддалечила од терените околу месец и пол.[15] Тој се вратил во акција за време на победата со 3-2 над Милан во Дерби дела Мадонина, во кое ги одриграл последните 20 минути.[16]
На 17 април 2018, го постигнал својот прв погодок за Интер, од страничен слободен удар по кој никој не ја допрел топката по неговиот центаршут и таа завршила во мрежата, во победата со 4-0 на домашен терен над Каљари.[17] Сезоната во Интер ја завршил со вкупно 23 настапи и еден постигнат гол во сите натпреварувања, но исто така им помогнал на нероаѕурите да изборат пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона за првпат по шест години.
Јувентус
уредиНа 27 јуни 2018, Кансело се преселил во Јувентус за 40,4 милиони евра;[18] потпишувајќи петгодишен договор со важност до 30 јуни 2023. Тој станал шестиот португалец кој играл за Јувентус по Руи Барос, Пауло Соуса, Димаш Теишеира, Тијаго Мендес и Жорже Андраде. Своето деби за Јувентус во Серија А го направил на 18 август 2018, во победата со 3-2 над Кјево во Верона;[19] иако одиграл генерално добар натпревар, сепак во 55-тата минута тој бил виновник за досудениот пенал за домаќините заради направен фаул над Емануеле Џакерини во шеснаесетникот на Јувентус. Својот прв гол за Јувентус, Кансело го постигнал на 27 јануари 2019 против Лацио на Олимпико во Рим во пресврт победата со 2-1, влегувајќи од клупата за резерви само неколку минути претходно; тој исто така имал важна улога и при победничкиот гол бидејќи над него бил направен пеналот кој успешно го реализирал неговиот сонародник Кристијано Роналдо.[20][21]
Својот прв трофеј со Јувентус го освоил во Суперкупот на Италија, после победата над Милан, а во април го освоил и своето прво скудето во кариерата откако Јувентус триумфирал во Серија А.[22]
Манчестер Сити
уредиНа 7 август 2019, Кансело потпишал шестгодишен договор со англискиот Манчестер Сити во зделка вредна 28 милиони евра плус Данило кој се преселил во Јувентус како дел од трансферот.[23][24]
Репрезентативна кариера
уредиКансело играл во сите младински репрезентативни категории на Португалија од онаа под 16 до под 21 година. Со репрезентацијата под 21 година учествувал на Европското првенство во 2015 и 2017 година.
Во август 2016 година тој за првпат бил повикан во сениорската репрезентација од страна на селекторот Сантос; дебитирал на 1 септември, во пријателски натпревар против Гибралтар и притоа постигнал гол на своето деби.[25] Следниот месец тој постигнал уште два гола во квалификациските победи над Андора дома со 6-0[26] и на гостувањето кај Фарски Острови (исто така 6-0).[27]
Во пријателскиот натпревар со Холандија во март 2018, добил црвен картон во 61-вата минута што ја чинело Португалија катастрофален пораз од 3-0. Во мај 2018, Кансело се нашол на поширокиот список од 35 играчи на селекторот Сантос за Светското првенство 2018,[28] но сепак подоцна испаднал од конкуренција и не се нашол во конечниот состав.[29]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиХронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
1-9-2016 | Порто | Португалија | 5 – 0 | Гибралтар | Пријателска | 1 | ||
7-10-2016 | Авиеро | Португалија | 6 – 0 | Андора | Квал. за СП 2018 | 1 | ||
10-10-2016 | Торшавн | Фарски Острови | 0 – 6 | Португалија | Квал. за СП 2018 | 1 | ||
13-11-2016 | Фаро | Португалија | 4 – 1 | Латвија | Квал. за СП 2018 | - | ||
28-3-2017 | Фуншал | Португалија | 2 – 3 | Шведска | Пријателска | - | ||
10-11-2017 | Визеу | Португалија | 3 – 0 | Саудиска Арабија | Пријателска | - | 46' | |
26-3-2018 | Женева | Португалија | 0 – 3 | Холандија | Пријателска | - | 44', 61' | |
6-9-2018 | Лисабон | Португалија | 1 – 1 | Хрватска | Пријателска | - | ||
10-9-2018 | Лисабон | Португалија | 1 – 0 | Италија | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | - | ||
Вкупно | Настапи | 9 | Голови | 3 |
Клупска статистика
уредиСтатистката е ажурирана на 20 мај 2018.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2012-2013 | Бенфика Б | СЛ | 20 | 2 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 20 | 2 |
2013-2014 | СЛ | 31 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 31 | 1 | |
Вкупно Бенфика Б | 51 | 3 | - | - | - | - | - | - | 51 | 3 | |||||
јан.-јун. 2014 | Бенфика | ПЛ | 1 | 0 | КП+ЛКП | 0+1 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 0+0 | 0 | - | - | - | 2 | 0 |
2014-2015 | Валенсија | ПД | 10 | 0 | КШ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 13 | 0 |
2015-2016 | ПД | 28 | 1 | КШ | 4 | 1 | ЛШ+ЛЕ | 6+1 | 1+0 | - | - | - | 39 | 3 | |
2016-2017 | ПД | 35 | 1 | КШ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 38 | 1 | |
јул.-авг. 2017 | ПД | 1 | 0 | КШ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 | |
Вкупно Валенсија | 74 | 2 | 10 | 1 | 7 | 1 | - | - | 91 | 4 | |||||
авг. 2017-2018 | Интер | А | 26 | 1 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 28 | 1 |
2018-2019 | Јувентус | А | 25 | 1 | КИ | 1 | 0 | ЛШ | 7 | 0 | СИ | 1 | 0 | 34 | 1 |
Вкупно во кариерата | 177 | 7 | 14 | 1 | 14 | 1 | 1 | 0 | 206 | 9 |
Титули
уредиБенфика
уреди- Примеира лига (1) : 2013-2014.
- Куп на Португалија (1) : 2013-2014.
- Лига куп на Португалија (1) : 2013-2014.
- Суперкуп на Португалија (1) : 2014.
Јувентус
уреди- Серија А (1) : 2018-2019
- Суперкуп на Италија (1) : 2018
Наводи
уреди- ↑ Matteo Brega (17 август 2017). „Inter, occhio! Cancelo non è un cancello: terzino più d'attacco che di difesa“.
- ↑ „Sulejmani manteve o Benfica vitorioso“ [Sulejmani kept Benfica victorious]. O Jogo. 25 January 2014. Посетено на 22 August 2017.
- ↑ „FC Porto bate Benfica sob avaliação de Lopetegui“ [FC Porto beat Benfica as Lopetegui looks on]. Diário de Notícias (португалски). 10 May 2014. Посетено на 19 February 2016.
- ↑ „Comunicado oficial: Joao Cancelo“ [Official announcement: Joao Cancelo] (шпански). Valencia CF. 20 August 2014. Архивирано од изворникот на 2018-06-27. Посетено на 20 August 2014.
- ↑ „João Cancelo transferido para o Valência CF“ [João Cancelo transferred to Valencia CF] (португалски). S.L. Benfica. 25 May 2015. Архивирано од изворникот на 2015-05-25. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ „Prospeto de "Benfica SAD 2016–2019"“ [Prospect of "Benfica SAD 2016–2019"] (PDF) (португалски). Lisbon: S.L. Benfica. 15 April 2016. стр. 66. Посетено на 22 August 2017.
- ↑ „João Cancelo vendido ao Valência por 15 milhões de euros“ [João Cancelo sold to Valencia for 15 million euros]. A Bola (португалски). 25 May 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 11 July 2015.
- ↑ „Joao Cancelo joins Valencia CF on a permanent deal through to 2021“. Valencia CF. 25 May 2015. Архивирано од изворникот на 2018-06-28. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ „Witsel breaks Valencia hearts in five-goal thriller“. UEFA. 16 September 2016. Посетено на 25 November 2016.
- ↑ „1, 2, 3, Alcácer otra vez“ [1, 2, 3, Alcácer again]. Marca (шпански). 20 April 2016. Посетено на 25 November 2016.
- ↑ „Cancelo is an Inter player!“. Inter Milan. 22 August 2017. Архивирано од изворникот на 2018-06-22. Посетено на 23 August 2017.
- ↑ „Official: Inter sign Cancelo“. Football Italia. 22 August 2017. Посетено на 23 August 2017.
- ↑ „Roma-Inter 1–3, Icardi spegne i sogni giallorossi“ [Roma-Inter 1–3, Icardi puts an end to yellow-and-red dreams] (италијански). Quotidiano.net. 26 August 2017. Посетено на 27 August 2017.
- ↑ „MORE AND MAUR Roma 1 Inter Milan 3: Mauro Icardi scored twice in the second half and Matias Vecino hits late third as Nerazzurri earn vital three points despite being second best in battle of title contenders“. The Sun. 26 August 2017. Посетено на 26 August 2017.
- ↑ „Inter confirm knee ligament injury for new boy Cancelo“. Goal. 31 August 2017. Посетено на 31 August 2017.
- ↑ „Mauro Icardi gets 10/10 as hat trick earns Inter win against Milan“. ESPN FC. 17 October 2017. Посетено на 17 October 2017.
- ↑ „Cancelo: "Contento per il primo gol in nerazzurro. Ora abbiamo un solo obiettivo!"“. 17 април 2018. Архивирано од изворникот на 2018-06-19. Посетено на 2018-06-29.
- ↑ „WelcomeToJU João Cancelo! - Juventus.com“. Juventus.com. Посетено на 2018-06-27.
- ↑ Gianluca Oddenino (18 August 2018). „La Juve soffre ma batte il Chievo, al Bentegodi decide Bernardeschi in rimonta“ [Juve suffer but beat Chievo, Bernardeschi settles it at Bentegodi in comeback]. La Stampa (италијански). Посетено на 18 August 2018.
- ↑ „Lazio 1–2 Juventus“. Football Italia. 27 January 2019. Посетено на 28 January 2019.
- ↑ Bianchin, Luca (27 January 2019). „Juventus, Allegri cambia il match coi cambi. Serataccia per Emre Can“ [Juventus, Allegri livens match with changes. Nightmare for Emre Can]. La Gazzetta dello Sport (италијански). Посетено на 28 January 2019.
- ↑ „Ronaldo stands out in Juventus' 8th consecutive Serie A title win“. CBC Sports. 20 April 2019. Посетено на 25 April 2019.
- ↑ „Man City sign Joao Cancelo as Danilo heads to Juventus in part-exchange“. Standard. Посетено на 7 August 2019.
- ↑ „Man City and Juventus confirm Cancelo-Danilo swap in €65m deal“. Goal. Посетено на 7 August 2019.
- ↑ „Portugal 5–0 Gibraltar: European champions hammer minnows as Nani scores brace“. Daily Mail. 1 September 2016. Посетено на 5 September 2016.
- ↑ „Portugal 6–0 Andorra: Cristiano Ronaldo nets FOUR in rout as minnows have two men sent off for kicking Real Madrid star during World Cup qualifier“. Daily Mail. 7 October 2016. Посетено на 10 October 2016.
- ↑ „Andre Silva nets hat trick as Portugal roll over Faroe Islands“. ESPN. 10 October 2016. Посетено на 21 May 2018.
- ↑ „Revealed: Every World Cup 2018 squad – 23-man & preliminary lists & when will they be announced?“. Goal. 17 May 2018. Посетено на 17 May 2018.
- ↑ „Nearly half Portugal's Euro squad to miss World Cup“. Special Broadcasting Service. 17 May 2018. Посетено на 17 May 2018.
Надворешни врски
уреди„Жоао Кансело“ на Ризницата ? |