Ехо
Ехо е феномен на звучните бранови, кој се заснова на екотот. Ехото е појава во акустиката кога некој звук предизвикува многу екоти, со што изгледа како да сите тие се поврзани меѓу себе во еден продолжен, просторен звук кој е замастен.
Ваков ефект најчесто се појавува во големи хали со нерамна градба (како на пример, катедрали) каде што може прецизно да се запази. Ехото ја има способноста да го направи човековиот глас просторен, и оттука моќен, па ефектот на катедралите е искористен од страна на свештенството кога ги изведуваат своите песни, проповеди и литургии, да оставаат импресија на тие што ги слушаат.
Во аудиоинженерството ехото најчесто се употребува да се додаде чувство на „вистински звук“ на звуците кои се премногу суви самите по себе.
Ехото како тема во уметноста
уреди- „Ехо“ — песна на руската поетеса Ана Ахматова од 1960 година.[1]
- „Ехото на разбојничката“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[2]
- „Човекот и ехото“ (The Man and the Echo) — песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[3]
- „Одекнување“ (српски: Одјекивање) — песна на српскиот поет Васко Попа.[4]
- „Ехо“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.[5]
- „Еха“ (англиски: Echoes) — песна на британската рок-група „Пинк флојд“ од 1971 година.[6]
Надворешни врски
уреди- Ехо и други звучни дефиниции Архивирано на 27 јуни 2007 г.
Наводи
уреди- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 62.
- ↑ Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 41-42.
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 187-188.
- ↑ Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 34-35.
- ↑ A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 231.
- ↑ Discogs, Pink Floyd – Meddle (пристапено на 26.2.2021)