Димитар Ставревски

Димитар Николов Ставревски ( 1926 во Броштица, Дебарско1944 во Добри Дол, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

По завршувањето на основното училиште изучил занает и работел како кројачки работник. Слабите и материјални услови за живеење го принудиле да се пресели во Скопје. Активно се вклучил во помагањето на оруженото востание. Учествувал во собирањето на народна помош, во растурањето на летоци и организирање на младината за вклучувањето во народноослободителното движење. На 6 септември 1944 година заминал на Китка и стапил во четвртиот баталјон на Дванаесеттата македонска ударна бригада, при нејзиното формирање. Подоцна, во состав на истата единица учествувал во сите борби и акции против балистите и Германците. Во жестоката борба против балистите, храбро загинал во близина на селото Добри Дол. Неговите останки биле пренесени и погребани на скопските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 245. На |first= му недостасува |last= (help)