Децата на капетанот Грант

појаснителна страница

Децата на капетанот Грант (француски: Les Enfants du capitaine Grant) е авантуристички роман од францускиот писател Жил Верн. Од 20 декември 1865 година до 5 декември 1867 година излегувал во продолженија во списанието на Жил Ецел, а како роман објавен е во три тома („Јужна Америка“, „Австралија“ и „Тихи Океан“) во период од 1867 до 1868 година.

Децата на капетанот Грант
1868 год.
АвторЖил Верн
Изворен насловLes Enfants du capitaine Grant
Јазикфрануски
Жанравантуристички роман
ИздавачПјер Жил-Ецел
Издадена
1867–1868
Медиумпечатена книга (твр. и мек. подв.)
Страницизависно од изданието
Претходна„Од Земјата до Месечината“
(1865 год.) 
Следна20000 милји под морето
(1870 год.) 

Содржина на романот

уреди

Шкотскиот лорд Гленарван крстарејќи со својата јахта Дункан наоѓа порака во шише. Пораката ја напишал капетан Грант, капетан на бродот „Британија“ кој доживеал бродолом. Лорд Гленарван на молба од Мери и Роберт, децата на капетана Гранта и својата сопруга, лејди Хелена тргнува на оатување на кое целта е да се спаси капетанот Грант. Меѓитоа, со оглед на големата оштетеност на документот, единствен податок е дека бродоломот се случил на 37. напоредник во Jужнata полутопка.

Со помош на својот пријател, мајорот Мак Наб и случајниот сопатник Жак Паганел, Гленарван, според првичното толкување на документот, тргнува кон Патагонија. Експедицијата поминува низ Кордилиерите и пампасите в долж 37. напоредник, но не наоѓа никакви траги од капетанот Грант.

По безуспешното трагање, Жак Паганел пронаоѓа нова веројатност на толкување на документот, по која капетан Грант е во Аустралија. „Дункан“ стигнува во Аустралија, каде набргу го пронаоѓаат морнарот Ертон, подофицир од „Британије“. Тој прифаќа да ги води со коњи и запрега до источниот брег, наводното место на бродоломот, додека на „Дункан“ е поправан мл дефект во Мелбурн. Меѓутоа, Ертон во Аустралија станал предводник на разбојничка банда и ја остава целата експедиција заглавена во мочуриште, додека тој со својите разбојници се движи кон Мелбурн.

Лорд Гленарван и друштвото успеваат да се извлечат и префрлат со брод во Нови Зеланд, каде стануваат заробеници на човекојадци. На чудесен начин се извлекуваат извлаче од оваа неприлика и се враќаат на „Дункан“ кој под влијание на среќн околноти не го завзеле разбојниците, а Ертон сега е нивен заробеник.

Барајќи пуст остров на кој би можеле да го остават Ертон као казна за разбојништвото, доаѓаат до островот Табор, единствено преостанато копно на 37. напоредник и таму го пронаоѓаат капетана Грант. Ертон останува на островот Табор и се појавува во продолжението, co романoт Таинствениот остров.

Главни ликови

уреди

- лорд Едвард Гленарван

- леди Хелена

- мајор Мак Наб

- Жак Паганел, француски географ

- Мери Грант, ќерка на капетанот Гранта

- Роберт Грант, син на капетанот Гранта

- Џон Манглес, капетан на бродот „Дункан“

- Ертон, подофицир од бродот „Британија“

- Талкав, водич кроз пампасите

Изданија

уреди

Романот е издаден на маке��онски јазик.

Надворешни врски

уреди