Дарил Јанмат (роден на 22 јули 1989 г.) — холандски профсионален фудбалер кој игра на позицијат�� десен бек за Вотфорд во Премиер лигата и за репрезентацијата на Холандија.

Дарил Јанмат
Јанмат со Њукасл Јунатед во 2015 година
Лични податоци
Полно име Дарил Јанмат[1]
Роден на 22 јули 1989(1989-07-22)(35 г.)[2]
Роден во Лејдсендам, Холандија
Држава Холандија Холандија
Висина 1.85 м (6 ст 1 ин)[2]
Позиција Десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Вотфорд Вотфорд
Број 2
Младинска кариера
1995–2007 Фејенорд Фејенорд
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2008 АДО Ден Хаг АДО Ден Хаг 25 (2)
2008–2012 Херенфен Херенфен 84 (5)
2012–2014 Фејенорд Фејенорд 63 (5)
2014–2016 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 71 (3)
2016– Вотфорд Вотфорд 53 (5)
Репрезентација
2009 Холандија Холандија 20 5 (0)
200912010 Холандија Холандија 21 11 (0)
2012– Холандија Холандија 34 (0)

Тој ја започнал кариерата во АДО Ден Хаг, и играл во клубовите Херенфен и Фејенорд пред да потпише шестогдишен договор со премиерлигашот Њукасл Јунајтед во 2014 година. Тој е дел од холандската репрезентација од 2012 година и бил дел од составот кој го освоил третото место на Светското првенство 2014.

Клупска кариера

уреди

АДО Ден Хаг

уреди

Роден во Лејдсендам, Холандија, Јанмат ја започнал својата сениорска кариера во 2007 година во АДО Ден Хаг.

Херенфен

уреди

На почетокот на следната сезона, 19-годишниот Јанмат потпишал за холандскиот прволигаш Херенфен. На натпреварот помеѓу Херенфен и Херта Берлин во рамките од Европа лигата, Јанмат влегол во игра во 73. минута од натпреварот и само три минути подоцна добил црвен картон поради невнимателен старт над Немања Пејчиновиќ. Херенфен го добил натпреварот со резултат 1–0.[3][4] Откако ја отслужил предвидената суспензија, Јанмат постигнал гол во неговиот следен натпревар во Европа лигата, на 16 декември 2009 година, постигнувајќи го последниот гол за својата екипа во победата од 5–0 над Вентспилс, која на крајот се покажала за недоволна за клубот да се пласира во елиминационата фаза.[5]

На 21 декември 2011 година, Јанмат го постигнал деветтиот гол на Херенфен во победата од 11–1 над второлигашот Ос, со што клубот се пласирал во четвртфиналето од холандскиот куп.[6] Во четирите сезони во клубот, Јанмат бил стартер три сезони, а во дебитантската сезона бил во првиот тим на 10 натпревари и заедно со клубот го освоил холандскиот куп.

Фејенорд

уреди

Во средината на 2012 година, откако истекол неговиот договор, тој потпишал за Фејенорд, клуб за кој настапувал како младинец.[7] На првенствениот натпревар против НАЦ Бреда на 9 декември 2012 година, кој завршил со резултат 2–2, Јанмат за една минута добил два жолти картони и бил исклучен од игра.[8] На 17 март 2013 година, Јанмат го постигнал победничкиот гол за Феенорд во победата од 2–1 над Утрехт.[9]

Првиот гол во сезоната 2013–14, Јанмат го постигнал на 16 февруари 2014 година, во ремито од 1–1 на Фејенорд со НАЦ Бреда.[10] На 13 април, тој постигнал гол со полуволеј во победата од 2–0 над ПСВ Ајндховен.[11][12]

Њукасл Јунајтед

уреди

На 17 јули 2014 година, Јанмат потпишал шестгодишен договор со премиерлигашот Њукасл Јунајтед за непозната сума.[13] Јанмат ги одиграл сите 90 минути на своето деби за Њукасл во поразот од 2–0 од Манчестер Сити.[14] Првиот гол за Њукасл тој го постигнал во ремито од 3–3 против Кристал Палас на 30 август.[15] Вториот гол за клубот тој го постигнал против второлигашот Нортемптон Таун, во победата од 4–1 во Лига купот. Јанмат исто така постигнал гол за Њукасл во поразот од 2–1 од Вотфорд.

Вотфорд

уреди

На 24 август 2016 година, по испаѓањето на Њукасл Јунајтед од Премиер лигата, Јанмат потпишал за Вотфорд за сума од 7.5 милиони фунти.[16]

Репрезентативна кариера

уреди

Првиот натпревар за Холандија тој го одиграл на 7 септември 2012 година, одигрувајќи ги сите 90 минути во домашната победа од 2–0 над Турција во квалификациите за Светското првенство 2014.[17] На 31 мај 2014 година, тој бил вклучен во конечниот список од 23 играчи од тренерот Луј ван Гал за Светското првенство во Бразил.[18] Јанмат бил во составот на Холандија на првиот натпревар на првенството, и бил асистент на гол во големата победа од 5–1 над бранителот на титулата, селекцијата на Шпанија.[19] Во натпреварот за трето место против домаќинот Бразил, Јанмат влегол во игра од клупата за резервни играчи заменувајќи го Дели Блинд и бил асистент на голот на Џорџино Вајналдум кој ги поставил конечните 3–0 за Холандија.[20]

Титули

уреди

Клупски

уреди
  Херенфен

Репрезентација

уреди
Холандија

Наводи

уреди
  1. „2014 FIFA World Cup Brazil: List of players“. FIFA. стр. 25. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-06-11. Посетено на 11 June 2014.
  2. 2,0 2,1 „Daryl Janmaat“ (холандски). Voetbal International. Архивирано од изворникот на 2015-09-04. Посетено на 15 July 2014.
  3. „Heerenveen leave Hertha hurting“. UEFA. 23 October 2009. Посетено на 16 July 2014.
  4. „Hertha BSC 0–1 Heerenveen“. Soccerway. 23 October 2009. Посетено на 16 July 2014.
  5. „Hollow victory for Heerenveen“. UEFA. 16 December 2009. Посетено на 16 July 2014.
  6. „KNVB Beker Results: PSV eliminate Twente to join as Heerenveen score 11 to reach quarter-finals“. Goal.com. 23 December 2011. Посетено на 17 July 2014.
  7. „Official: Feyenoord to sign Heerenveen's Daryl Janmaat this summer“. Goal.com. 1 February 2012. Посетено на 16 June 2014.
  8. „NAC Breda 2–2 Feyenoord“. Soccerway. 9 December 2012. Посетено на 16 July 2014.
  9. „Highlights: Feyenoord 2–1 Utrecht“. ESPNFC. 17 March 2013. Посетено на 16 July 2014.
  10. „NAC Breda 1–1 Feyenoord“ (холандски). Voetbal Uitslagen. 16 February 2014. Посетено на 16 July 2014.
  11. „Newcastle target Janmaat scores great goal for Feyenoord“. Daily Mail. Посетено на 16 July 2014.
  12. „76' DOELPUNT DARYL JANMAAT, PSV – FEYENOORD, 0–2“ (холандски). Fox Sports Netherlands. 13 April 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-25. Посетено на 16 July 2014.
  13. Marshall, Anthony (17 July 2014). „Newcastle Secure Janmaat Signing“. Newcastle United F.C. Посетено на 17 July 2014.
  14. Chowdhury, Saj (17 August 2014). „Newcastle 0–2 Man City“. BBC Sport. Посетено на 17 August 2014.
  15. Taylor, Louise (30 August 2014). „Crystal Palace's Wilfried Zaha scores last-gasp equaliser at Newcastle“. The Guardian. Посетено на 30 August 2014.
  16. „Janmaat joins the Hornets“. watfordfc.com (англиски). 2016-08-24. Архивирано од изворникот на 2016-08-26. Посетено на 2016-08-24.
  17. „Martins Indi and Janmaat not perfect: 'Could have played better'. Voetbal International. 8 септември 2012. Архивирано од изворникот на November 12, 2012. Посетено на 8 March 2014.
  18. „Holland World Cup squad: Louis van Gaal wields the axe to select final 23 for Brazil“. Mirror. 31 May 2014. Посетено на 17 July 2014.
  19. „RVP, Robben inspire incredible Spanish thrashing“. FIFA.com. 13 јуни 2014. Архивирано од изворникот на July 10, 2014. Посетено на 18 June 2014.
  20. „Netherlands beats host Brazil 3–0 to finish 3rd“. Yahoo Sports. 12 July 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-17. Посетено на 17 July 2014.
  21. „Heerenveen beat persistent Twente after spot kicks to win KNVB Beker“. Goal.com. 17 мај 2009. Архивирано од изворникот на May 21, 2009. Посетено на 10 July 2014.
  22. „2014 FIFA World Cup: Brazil 0–3 Netherlands“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2016-04-16. Посетено на 10 August 2014.

Надворешни врски

уреди