Гоце Смилевски
Гоце Смилевски (Скопје, 1975) — македонски писател[3].
Гоце Смилевски | |
---|---|
Роден/а | 1975 Скопје, Македонија |
Значајни дела | Разговор со Спиноза, Сестрата на Зигмунд Фројд |
Значајни награди | Роман на годината (Разговор со Спиноза) [1] Награда за литература на ЕУ (Сестрата на Зигмунд Фројд) [2] |
мрежно место | |
http://www.gocesmilevski.com |
Биографија и творештво
уредиГоце Смилевски е роден во Скопје, 1975 год. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Образованието го продолжил на Карловиот универзитет во Прага и на Средноевропскиот универзитет во Будимпешта.
Творештво
уредиВо 2000 година, издавачката куќа „Сигмапрес“ од Скопје го објавила неговиот роман Планетата на неискуството. За романот Разговор со Спиноза (2002) ја добил наградата „Роман на годината“ на Утрински весник. За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ во 2010 година ги добил Наградата за литература на Европската Унија и Наградата за средоземна култура. Потоа, правата за објавување на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ биле откупени од издавачи од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Бразил, Холандија, Србија, Хрватска, Бугарија, Израел, Унгарија, Норвешка, Данска, Турција, Словенија и Чешка. Во 2011 година, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, ја добил наградата за драмски текст, за претставата „Спиноза“, во продукција на Мал Драмски Театар - Битола и Драмски Театар - Скопје.
Во 2016 година, издавачката куќа „Дијалог“ го објавила романот на Смилевски „Враќањето на зборовите“.[4]
Гоце Смилевски е мотив на краткиот расказ „Гоце Смилевски од Амазон“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Дискретниот шарм на романот - Тони Димков“. Архивирано од изворникот на 2016-03-12. Посетено на 2010-11-12.
- ↑ „Дополнето издание на „Сестрата на Зигмунд Фројд" од Смилевски“. Архивирано од изворникот на 2010-11-17. Посетено на 2010-11-12.
- ↑ Republička zaednica na kulturata (2007). Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja (55. изд.). Kn-vo "Kočo Racin".
- ↑ Роберт Алаѓозовски, „За отсутното“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 99-101.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 488.