Википедија:Вандализам

Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ВАН
ВП:ВАНД
ВП:ВАНДАЛ
Најважното од страницава: Намерно неконструктивно менување на Википедија ќе предизвика блокирање или перманентно банирање.
Петте столба
Начела за поведение
Етика
Учтивост
Претпоставете добра волја
Илустрирање поента
Консензус
Агитирање
Уредувачки војни
Без лични напади
Вандализам
Внимателно со новодојденците
Сопствеништво на статии

Вандализам е било кое додавање, бришење или менување на содржината направено со намера да се наруши интегритетот на Википедија.

Најчести типови на вандализам се додавања на вулгарности на страниците, бришење на содржината на статиите или вметнување лоши (или добри) шеги или други глупости. Се разбира овој тип на вандализам доста лесно се препознава.

Било кој добронамерен напор за подобрување на енциклопедијата, па дури и ако е погрешен или лежи на погрешни претпоставки, не е вандализам. Дури и злонамерни едитирања кои не се прават експлицитно без аргументи не може да се сметаат за вандализам на Википедија. Пример, додавањето на лично мислење за прв пат не е вандализам — тоа само не е од помош, и треба да се избрише или да се преиначи.

Правење на блатантен вандализам меѓутоа претставува прекршување на политиката на Википедија; откако ќе биде препознаен со него треба да биде соодветно постапено, ако не можете да се справите со вандалот самите, тогаш може да побарате помош од другите.

Не сите вандализми се очигледни, ниту пак се масовно изразени или има контроверзни промени; потребно е големо внимание за да се воочи дали одредени промени се направени со цел подобрување на енциклопедијата, или се добро намерни ама несмасно изведени или претставуваат чист вандализам.

Постапување со вандализам

уреди

Ако забележите вандализам (како што е опишано погоре), вратете ја претходната состојба и оставете предупредувачка порака на страницата за разговор на корисникот. Исто така оставете во полето за забелешка при враќање на претходната состојба, искоментирајте дека тоа сте го направиле поради тоа што сте воочиле вандализам, но не му помагајте на вандалот со тоа што во забелешка ќе го ставите текстот кој го менувате.

Важно
  • Проверете ја историјата на страницата за да се осигурате дека сте ги избришале сите претходни вандализми - можеби постојат повеќекратни вандалски уредувања, понекогаш дури и од неколку различни IP-адреси и корисници (кориснички имиња), и секако за да се осигурате дека не сте избришале и некои легитимни уредувања (како на пример додавање на меѓујазични врски, и сл.).
  • Ако е очигледно дека сите верзии на статијата се чист вандализам, тогаш можете да ја номинирате статијата за бришење, или ако статијата е патентирана глупост или ѓубре, означете ја со брзо бришење на тој начин што било каде во самата статија ќе додадете {{ db-nonsense}}.
  • Исто така не заборавајте да ги проверете другите уредувања на вандалот (или вандалите) - многу вандали прават серија на уредувања кои претставуваат вандализам. Така да очекувајте да најдете повеќе вандалски уредувања кои ќе треба да ги средите.

Предупредување

уреди
Предупредувачки предлошки
Името на страницата е опционо
  • {{subst:uw-вандализам1|Име на статија}} ~~~~ (ненамерен вандализам/тест)
  • {{subst:uw-бриши1|Име на статија}} ~~~~ (ненамерно бришење на содржина)
  • {{subst:uw-вандализам2|Име на статија}} ~~~~ (окарактеризирано како глупост)
  • {{subst:uw-бриши2|Име на статија}} ~~~~ (варијанта на бришење на содржина)
  • {{subst:uw-вандализам3|Име на статија}} ~~~~ (ве молам престанете)
  • {{subst:uw-бриши3|Име на статија}} ~~~~ (ве молам престанете со бришење на содржината)
  • {{subst:uw-вандализам4|Име на статија}} ~~~~ (последно предупредување)
  • {{subst:uw-бриши4|Име на статија}} ~~~~ (последно предупредување пред бришење на содржината)

Погледни други предлошки и примери

Забелешка: Не користете ги овие предлошки при оспорување на содржината на одредена статија; наместо тоа, составете јасна порака и во неа објаснете го вашето неодобрување.

Постојат неколку предлошки кои можат да се искориста за да се предупреди вандализмот. Тие се наведени на десната страна, според тежината на вандализмот, но не мора да се применат сукцесивно. Постојат непоправливи вандали кои треба брзо да се блокираат, тоа се оние кои прават пародија од википедија или си вршат некакви експерименти правејќи неенциклопедиски уредувања, овие луѓе вообичаено престануваат да вандализираат со првото предупредување а подоцна стануваат и продуктивни уредувачи. Ако несте сигурни дека одредено уредување е вандализам, можете да поставите {{uw-test1}}

Ако вандалот е очигледен и го повторува делото, наведете го на страницата Википедија:Администраторски интервенции против вандализам. Администраторот кој блокра може да постави {{subst:uw-block1}} како предупредување дека тие биле блокирани.

Следење на IP-адресите

уреди

Исто така, може да се користите со следење на IP-адресите. Односно да ги пронајдете сопствениците на овие адреси со користење на следниве служби:

  • ARIN (Северна Америка)
  • RIPE (Европа, Средниот Исток и Средна Азија)
  • APNIC (Тихоокеанска Азија)
  • LACNIC (Латинска Америка и Кариби)
  • AfriNIC (Африка)

(Ако адреста не можете да ја лоцирате во некој од горенабројаните служби, можеби се наоѓа во некој друг регистер) . Откако ќе ја лозирате IP-адресата додадете {{vandalip|Името на сопственикот}} на станицата за разговор на корисниците кои вршат вандализирање.

Ако и понатаму се продолжи со вандализирање од таа IP-адреса, која на пример е регистрирана од страна на некое училиште или друг вид на авторитет ISP, можете да ја наведете во Википедија:Извештаи за напади. Следете ги инструкциите кои се дадени таму и прочитај те го водичот за да видите дали може да се примени. Ако може да се примени, тогаш наведете ја адресата.

Типови на вандализам

уреди

Вандализмите на Википедија можат да се категоризираат на следниов начин:

Бришење

уреди

Бришење на целата содржина или делови од статијата, или менување на целокупната содржина на статијата со некоја вандалска верзија пред да биде постигнат консензус за тоа. Некогаш некои важни референци се бришат без да биде наведена валидна причина за тоа. Од друга страна пак, бришење на пообемни делови од статијата не се смета за вандализам ако објаснувањето дадено во резимето е рационално и уредно дадено. Пример за ова е бришење на уредувања поврзани за биографии на живи личности. Википедија особено води сметка за обезбедување точни и навремени информации за живи лица, па така ова бришење може да се протолкува како обид за тргање неажуриран материјал или шпекулации. Имајќи ја во обзир можноста за необјаснето бришење на податоци под претпоставка дека тоа е сторено со добра волја, треба да се постават предлошките {{uw-test1}} или {{uw-delete1}}, соодветно, како опомени од прв степен кои би требало да спречат понатамошни штетни уредувања.

Повторување на информации

уреди

Додавање постојни или беззначајни содржини во статијата.

Постојано додавање на надворешни врски кон неважни или беззначајни веб страници (т.е. рекламирање на нечии веб страници) и после предупредувањето дека тоа е вандализам.

Скрипта на робот чија задача е постојано да вандализира и да спамира на огромен број на статии (стотици или илјадници).

Глупави вандализми

уреди

Пишување вулгарности, графити, неповрзани мисли, или секаков вид непотребни информации на страницата; внесување нечитливи и очигледни не-енциклопедиски реченици и итн. Ве молиме имајте предвид дека додавањето на неповрзани реченици е вообичаен начин на кој новите корисници уредуваат на Википедија и ваквите уредувања можеби не се злонамерни.

Прикриен вандализам

уреди

Овој тип на вандализам е потешко да се препознае. Овде спаѓаат: пишување дезинформации во статиите, (пр. мала промена во датумот), криење вандализам (пр. правење две лоши уредувања и враќање на само едно), или враќање корисни уредувања со намера да се попречи подобрувањето на статијата.

Вандализам во корисничкиот именски простор

уреди

Пишување навреди, вулгарности и слично на корисничките страници или на страниците за разговор на корисникот (погледнете Википедија:Без лични напади).

Вандализам над сликите

уреди

Подигање шокирачки слики, несоодветно поставување на слики со експлицитна содржина во статиите, или едноставно користење на сликите на начин кој е недозволен. Ве молиме имајте предвид дека Википедија не е цензурирана за заштита на малолетните лица и дека слики со експлицитна содржина може да се веќе поставени или да се постават на соодветните статии со претходно обезбедена дозвола.

Злоупотреба на предлошки

уреди

Злонамерно вметнување на {{afd}}, {{Db}}, {{sprotected}}, или други предлошки од тој вид на страници кои не ги исполнуваат тие критериуми. Овде спаѓа и бришење на постојното {{policy}} и слични предлошки без постигнат консензус за таква промена.

Вандализам изразен преку преместување на страници

уреди

Промена на насловите на страниците (именувано како преместување на страници) со навредливи или на некој друг начин несоодветни поими. Википедија само на регистрираните корисници активни најмалку четири дена им дозволува да вршат преместување на страниците.

Вандализам над врските

уреди

Модифицирање на внатрешни или надворешни врски во страниците на тој начин што тие изгледаат нормално но водат кон страница (или веб-место) кон кој не би требало (пример слики со експлицитна содржина, шокирачки веб-места и слично).

Занемарување на вандализмите

уреди

Тргање на {{afd}}, {{copyvio}} или други слични предлошки со цел да се скрие разгледување на статиите-кандидати за бришење. Имајте предвид дека оваа постапка е зачестена кај неискусните уредувачи кои не се запознаени со начелата на Википедија, и таквите уредувачи/сторители не треба да добијат опомена, туку треба соодветно да им биде објаснета грешката.

Модифицирање на кориснички коментари

уреди

Уредување на коментарите на другите корисници до таа мера што суштински се менува нивната смисла (пример промена на нечие гласање). Не се смета за вандализам уредувањето на коментарите на другите корисници доколку се работи за бришење на напади врз личноста (кои на некој начин се контроверзни самите по себе). Означувањето дека коментарот е непотпишан е исклучок од ова правило. Да забележиме исто така дека корекција на стилот на пишувањето на другите корисници не се препорачува.

Вандализам на страниците за дискусија

уреди

Бришење на пораки на другите корисници од нивните лични страници за разговор, бришење на Вики просторот или на страниците за разговор на одредена статија во најголем број од случаите се смета за вандализам. Исклучок од ова правило е бришење на пораки чија цел е агитирање. Друг очигледен исклучок е преместување на пораките до нивното соодветно место (пр. барање за заштита). Бришење на лични напади од други корисници најчесто се смета за легитимно, а препорачливо е да се архивираат долгите дискусии на страниците за разговор. Овие правила не важат за сопствената страница за разговор на корисникот, ниту пак забрануваат бришење или архивирање на дискусиите водени на ваквите страници. Личните страници за разговор на уредниците се нивен дискретен простор.

Непрекинато качување на заштитен материјал

уреди

Закачување или користење материјал на Википедија кој крши одредени авторски права и покрај доставената опомена е вандализам. Бидејќи корисниците може да се неинформирани за тоа дали текстот или информацијата се заштитени, или дека Википедија има строги начела за тоа каков материјал може да се користи, таквото уредување се смета за вандализам само ако истиот корисник продолжи да го поставува недозволениот материјал и покрај претходно враченото известување.

Создавање на злонамерни кориснички имиња

уреди

Создавање на кориснички сметки со кориснички имиња кои содржат навредливи или непријатни поими се смета за вандализам, без разлика дали корисничката сметка се употребува или не. За повеќе информации во врска со политиката на Википедија за тоа што се смета за неприфатливо корисничко име, види Википедија:Начела за кориснички имиња. Поврзано Википедија:Марионетство.

Вандализам во резимето на уредувањето

уреди

Пишување резиме со нападна содржина во обид да се остави трага која не може брзо и ефикасно да се отстрани од записот. Овој вандализам најчесто го вршат корисници со малициозни кориснички имиња.

Скриен вандализам

уреди

Било која форма на вандализам која користи вгнезден текст, кој не е видлив при читање на статијата но е видлив за време на уредувањето.

Што не е вандализам

уреди

Иако на моменти погрешно наведени како такви, следниве нешта не се сметаат за „вандализам“ и затоа се третираат поинаку:

Експериментирање од страна на нови корисници

уреди

Новите корисници кои што туку откриле како можат да уредуваат статија понекогаш сакаат да се здобијат со некакво уредувачко искуство и може да внесат нешто контра-продуктивно на страницата (пр. неколку случајни зборови како пробно уредување). Таквите уредувања не се извршени со лоша намера и оттаму не се вандализми. Наместо да бидат опоменети за вандализам, подобро би било на корисниците да им се посака топло добредојде и да им се даде врска до песокот (пр. користејќи соодветна предлошка) каде тие би можеле да продолжат со нивното експериментирање без притоа да предизвикаат штета. Ако корисникот направил тест-уредување и потоа го вратил, сметајте дека треба да му испратите {{test-self}} на неговата страница за разговор.

Користење несоодветен стил на пишување и речник

уреди

Неискусните кориснци најчесто не се запознаени со правилата за пишување на Википедија и нејзините граматички стандарди (на пр. како да создадат внатрешни и/или надворешни врски, кога одредени зборови треба да бидат болдирани или закосени, итн.) Наместо да ги ословувате таквите уредници како вандали, едноставно објаснете им ги начелата за стил и пишување од прва рака - можеби со давањето насока да ги погледаат напатствијата на ВП:КАКО или ВП:СТИЛ значително ќе им го олесните уредувањето.

Неутралната гледна точка“ е правило кое релативно тешко се сфаќа, па дури и поискусните уредници на моменти ненамерно внесуваат материјал кој не е баш најсоодветен според ова начело. Всушност, сите ние сме погодени од нашите убедувања во помала или поголема мера. Иако несоодветно, ова не претставува вандализам само по себе, освен ако продолжи и по изречената опомена.

википедијанците често прават смели промени на статиите со цел да ги подобрат - повеќето од нас имаат за цел да бидат храбри кога ажурираат статии. Отстранување на големи делови од текстот што сте го напишале или значително прошириле може да биде фрустрирачки, но едноставното правење уредувања кои значително го менуваат текстот или содржината на страниците не треба веднаш да се етикетира како вандализам.

Понекогаш корисникот ќе додаде информации во статијата кои се фактички неточни, но нему му изгледаат како точни. Ако овие уредувања се направени со добра волја, значи дека корисникот повеќе се обидува да придонесе и да ја подобри содржината отколку да ја вандализира. Ако мислите дека неточните информации биле додадени со најдобра намера, најпрво осигурете се дали е тоа така, а потоа дискутирајте за нивната точност со корисникот кој ги поставил.

Иако намерното вметнување глупости во статијата е форма на вандализам, понекогаш добронамерните уредници не можат да се изразат најточно (можеби имаат грешка во синтаксата, најчесто тоа се википедијанците на кои македонскиот не им е мајчин јазик). Понекогаш серија од грешки или уредувачката војна ненамерно придонесуваат за појава на материјал без смисла или штетни уредувања. И во двата случаи претпоставете добра волја.

Инаетење

уреди

Некои корисници не можат да дојдат до договор со другите кои се подготвени да разговараат со нив за конкретно уредувачко прашање, и во неколку наврати направиле измени на кои се противат сите останати. Ова е за жалење—би сакале да ја погледнете страницата за разрешување спорови како би ви помогнале. Повтореното бришење или додавање материјал може да го прекрши правилото за тројно враќање, но сепак тоа не е „вандализам“ и не треба да се третира како таков.

Вознемирување или лични напади

уреди

Википедија има јасна политика - лични напади и вознемирување на други корисници не е дозволено. Додека некои облици на вознемирување се јасни случаи на вандализам, на пр. вандализам на корисничката страница или вметнување на личен напад во една статија, вознемирувањето само по себе не се смета за „вандализам“ и со него треба да се постапува поинаку.

Еднострана политика/промена во упатството

уреди

И покрај тоа што уредниците се охрабруваат да бидат смели, уредувањето на начелата на Википедија или страници како оваа, списоците за напатствија, итн. бараат поголемо познавање на целите на проектот и консензус по тоа прашање. Занемарување на постигнат консензус не е вандализам—но правење нагли промени без претходна дискусија не е ниту продуктивен пристап. Продолжувајќи со таквото однесување, откако биле предупредени, сепак, може да гарантира блок.

Ако корисникот не ги третира наведените ситуации кои не се очигледен вандализам како такви, тогаш тој/таа ѝ наштетува на енциклопедијата со тоа што ја отуѓува и што ги обесхрабрува нејзините потенцијални уредувачи.

Како да препознаете вандализам

уреди

Најдобриот начин да препознаете вандализам е со помош на следење на скорешните промени односно со кликнување на врската скорешни промени добивате список на статии над кои се направени промени во најскоро време, или пак ако внимавате на вашите набљудувани страници.