Бунтовник (весник)

весник

„Бунтовник“ (бугарски: „Бунтовникъ“) бил весник кој излегувал во Софија во периодот 1898 - 1899 година како неофицијален орган на Задграничното претставништво, односно на Македонската револуционерна организација, преку кој се претставувале целите и намерите на Организацијата во однос на Македонското прашање.

Бунтовник
Насловна страница
УредникЃорче Петров
Основан1898
ЈазикБугарски
Престанал1899
СедиштеСофија

Уредник

уреди

Главен и единствен уредник на весникот бил Ѓорче Петров кој во тој период во Софија, покрај Гоце Делчев бил нелегален претставник на Организацијата и како задграничен претставник ги застапувал и штител нејзините интересите [1].

Дејност

уреди

Весникот се печател на бугарски јазик и неговото издавање било тајно, нередовно и ненумерирано. Во своите спомени Ѓорче Петров истакнува дека тој издал 11 броеви во ограничен тираж и го растурал на помали групи на лица кој се интересирале за македонското револуционерно дело.

Весникот бил наменет за македонска емиграција како и бугарскиот народ со цел да се придобијат нивните симпатии кон Организацијата, но весникот бил растуран и во Македонија за да се придобие и македонското население кон револуционерното дело.

Од овој весник се сочувани само три броја и врз основа на нив може да се заклучи дека целта на „Бунтовник“ била да се коментира Македонското прашање и да се пропагира револуционерна борба.

Најголемиот дел од текстовите се на Ѓорче Петров преку кој тој агитирал за револуционизирање на населението и за кревање на едно можно идно востание.

Односот на бугарското општество кон весникот

уреди

Бугарскиот трговски агент Атанас Шопов од Солун во еден свој извештај до бугарскиот премиер истакнал:

...Д. Груев... бил училиштен инспектор во Солун... негови коресподенти во Софија биле Ѓ. Петров и поранешниот секретар на трговското агентство во Солун, Стаматов, кој работел по негови упатства [1]

Овој извештај бил испратен во 1898 година кога Ѓорче Петров го издавал „Бунтовник“ и јасно е дека таквата дејност била во согласност на самата Организација.

Ѓорче Петров поради својата, покрај другото и издавачка дејност дошол во судир со бугарските oпштествени кругови и затоа Димитар Ризов во јули 1898 година до бугарскиот премиер Констатнин Стоилов инсистирал Ѓорче Петров:

да се мавне од Бугарија, каде ги брка со својата подземна и весникарска дејност, и да се испрати во оние пунктови на Турција, каде ќе биде безопасен [1]

Извори

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003