Аристотел Оназис
Аристотел Оназис (грчки: Αριστοτέλης Ωνάσης; 15 јануари 1906 - 15 март 1975) бил грчки стопанственик, познат како еден од најбогатите луѓе на XX век[1][2]. Тој бил познат бродосопственик. Во почетокот, неговиот бизнис се состоел од изградба на бродови за превоз на нафта.
Аристотел Оназис Αριστοτέλης Ωνάσης | |
---|---|
Роден | 15 јануари 1906 Смирна, Отоманско Царство |
Починал | 15 март 1975 Франција | (возр. 69)
Занимање | Производство на бродови |
Сопружник/ци | Атина Ливанос (в. 1946–60) Жаклина Кенеди (в. 1968–75) |
Деца | Александар Кристина |
Роднини | Сократис (татко) Пенелопа (мајка) Артемис (сестра) Калирој (полусестра) Миропа (полусестра) |
Оназис е роден на 15 јануари 1906 година, но според некои податоци, тој е роден во 1900 година[3]. Во текот на 1946 година се оженил за Атина Ливанос, од која имал две деца: Александрос и Кристина. Александрос починал во 1973 година, кога имал 24 години во авионска несреќа, а Христина во 1988 година во Буенос Аирес. Во 1968 година се оженил за Жаклина Бувие, вдовица на починатиот американски претседател Џон Кенеди. Сепак, нивниот брак не бил успешен долго време, а од друга страна пак, Аристотел имал љубовна афера со оперската пејачка Марија Калас.
Единствениот жив наследник на Аристотел е неговата внука Атина. Аристотел починал на 15 март 1975 година.
Наводи
уреди- ↑ Blyth, Myrna (12 August 2004). „Greek Tragedy, The life of Aristotle Onassis“. National Review Online. Архивирано од изворникот на 2009-03-09. Посетено на 5 April 2008. Text "2008-04-05" ignored (help)
- ↑ Smith, Helena, The Guardian, Callas takes centre stage again as exhibition recalls Onassis's life, Посетено на 5 April 2008.
- ↑ „The Life of Aristotle Onassis“. Greece.org. Посетено на 26 April 2009.