Антонис ван Дајк холандски: Antoon van Dyck, англиски: Anthony van Dyck; 22 март 1599 - 9 декември 1641) — фламански сликар од епохата на барокот. Тој е еден од најистакнатите ученици на Рубенс кој подоцна станал дворски сликар во Англија. Развил сопствен специфичен стил кој се одликува со одредена строгост, официјалност, истовремено доловувајки елеганција и достоинство кај неговите модели.

Автопортрет (1633)

Животопис

уреди

На единаестет години тој отишол во работилницата на Хендрик ван Бален. Подоцна, во 1617 г. оди во работилницата на Рубенс и станува нејзин водач, која тогаш била најпозната сликарска работилница во Европа. Во 1618 г. добива назив мајстор и е прифатен во како сликар во црквата Св. Лука во Антверпен. Од 1621 до 1627 работел низ европските културни центри како Лондон, Џенова, Рим, Фиренца, Марсеј и Париз. Од 1627 до 1632 престојувал во Антверпен, а потоа до крајот на животот (1641) во Лондон каде станал дворски сликар на кралот Чарлс I, големиот колекционер на уметнички дела. Со тек на време станал најпознат портретист на англиското високо општество. За сликање на приватни лица земал тогаш големи парични суми — од 40 до 60 фунти и можел да се посвети на одамна сонуваниот добар живот како голем господин. Кога во 1635 го посетил Антверпен, триумфално бил дочекан од месното население.