Ада Циганлија
Ада Циганлија е остров на реката Сава во Белград, кој по вештачки пат е претворен во полуостров. Исто така вештачки е соѕдадено и соседното Савско Езеро, кое настанало со преградување на Сава и плажата на езерото. Ада Циганлија во претходните векови била поѕната по ѕатвори и логори, но во повоениот период е претворена од место познато по затвори и извршување на смртни казни, во извонредно популарна и повеќефункционална рекреативна зона во Белград, позната по своите плажи и спортски објекти. Во текот на летото има повеќе од 100.000 посетители во текот на работните денови[1] и до 300.000 посетители за време на викендите.[2][3] Поради својата популарност, Ада Циганлија честопати во жаргон е нарекувана Белградско Море.
Географскa положба
уредиНа реката Сава, во непосредна близина на устието со Дунав, на оддалечност од само 4 километри од центарот на Белград се наоѓа некогашниот остров, а денес полуостровот Ада Циганлија, излетничко место, место за капење и одморалиште за туристите. Обрасната е со густа листопадна шума, во која има и ливади.
Некои хроничари, името на овој остров го наоѓаат во келтските зборови синга (остров) и лиа (подводно земјиште), па така се дошло до изразот сингалија, од кој настанал зборот циганлија. Ада Циганлија, како ретко природно богатство била забележана уште од времето на Караѓорѓе Петровиќ и кнезот Милош Обреновиќ. Во 1821 година прогласена е за државно добро, за што важи и денес. Долната и горната преграда од ракавот на реката Сава изградени се во 1967 година, па така Белград добил единствено езеро, долго 4,2 километри, со просечна широчина од 200 метри, и длабочина од 4 до 6 метри. Во деновите на летната сезона, дневно овде се капат или на друг начин се рекреираат и до 300.000 посетители. Целата површина на Ада Циганлија, заедно со аквариумот, изнесува 800 хектари.
На островот се наоѓа и населбата Партизан, која често има проблеми со поплавите. Блиску до езерото се наоѓа колекција од камени скулптури, која привлекува доста внимание од туристите. Формацијата се вика „Камен град“ и е дело на вајарот Ратко Вулановиќ.
Флора и фауна
уредиАда Циганлија е без сомнение еден од централните еколошки пунктови, со специфична микро��лима, која се одликува со повеќе влажност на воздухот и нешто пониски летни дневни температури во однос на останатите делови на градот.
Плажи
уредиПлажата околу Савското Езеро е целосно уредена со неопходни инфрастуктурни објекти, поради што се смета за една од најголемите и најубавите плажи на вештачките езера во Европа. Водата на Савското Езеро е потопла од речните езера, и затоа е погодна за рекреација. Савското Езеро со квалитетот на водата, убавите објекти и должината на патеките, е многу погодно за натпреварувања на мирни води. Езерото е погодно за пливање, веслање, кајак, ватерполо, скокање во вода, едрење на даски и други спортови, па на него се одржувааат многу интересни првенства.
Галерија
уреди-
Заједница бели тополи на Ада Циганлија
-
Поглед од велосипедска патека
Наводи
уреди- ↑ Љ. Перовић (14 јули 2008). „Сто хиљада суграђана на Воденом цвету“. Politika. Посетено на 17 август 2008. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ „Ада Циганлија“. City of Belgrade. 22 октомври 2007. Посетено на 17 август 2008. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ „Купалиште“. Ada Ciganlija. Архивирано од изворникот на 2009-04-12. Посетено на 17 август 2008. Надворешна врска во
|work=
(help)