ЛуиџаЏинаЛолобриџида [б 1][3] (4 јули 1927 – 16 јануари 2023 година) била италијанска актерка, модел и фоторепортер. Таа била една од европските актерки со највисок профил во 1950-тите и 1960-тите, како и меѓународен секс симбол. Наречена „најубавата жена на светот“,[4] била меѓу последните преживеани меѓународни актери од висок профил од Златното доба на холивудската кинематографија.

Џина Лолобриџида
OMRI
Слика од филмот Трапез (1956)
Роден(а)Луиџа Лолобриџида
4 јули 1927(1927-07-04)
Субијако, Кралство Италија
Починал(а)16 јануари 2023(2023-01-16) (возр. 95)
Рим, Италија
ПочивалиштеСубијако
Занимање
  • глумица
  • модел
  • фоторепортер
Активен период1946–1997
СопружникМилко Шкофич (в. 1949; раз. 1971)
ПартнерХавиер Ригау и Рафолс (1984–2006)[1][2]
Деца1
Награди
Потпис

Како што филмската кариера забавила, Лолобриџида воспоставила втора кариера како фоторепортер. Во 1970-тите, добила пристап до Фидел Кастро за ексклузивно интервју.

Лолобриџида продолжила како активен поддржувач на италијанските и италијанско-американските каузи, особено на Националната италијанско-американска фондација (NIAF). Во 2008 година ја добила наградата NIAF за животно дело на годишнината на Фондацијата.[5][6] Во 2013 година, ја продала својата колекција накит и донирала речиси 5 милиони американски долари за истражувањето на терапија со матични клетки.[7] На 18-тото доделување на наградите Златен глобус ја освоила наградата Хенриета.

Младост

уреди

Луиџа Лолобриџида е родена во Субијако, Лацио, околу 64 км оддалечен од Рим, ќерка на производител на мебел и неговата сопруга.[8] Имала три сестри: Џулијана, Марија и Фернанда. По завршувањето на Втората светска војна во 1945 година, семејството се преселило во Рим, каде Лолобриџида земала часови по пеење, се занимавала со моделство и учествувала на неколку натпревари за убавина. На изборот за Мис на Италија во 1947 годинао го освоила третото место. Во 1946 година, почнала да се појавува во италијански филмови во помали улоги.[9]

Во 1945 година, на 18-годишна возраст, Лолобриџида играла улога во комедијата Сантарелина од Едуардо Скарпета во Театро дела Конкордија, [9] најмалиот театар на Италија во светот.

Актерска кариера

уреди

Филм

уреди

Во 1950 година, Хауард Хјуз потпишал прелиминарен седумгодишен договор за правење три филма годишно со Лолобриџида. Таа ги одбила последните услови од договорот, претпочитајќи да остане во Европа, и Хјуз ја суспендирал.[10] И покрај продажбата на RKO Pictures во 1955 година, Хјуз го задржал договорот со Лолобриџида. Спорот ја спречил да работи во американски филмови снимени во САД до 1959 година, но дозволувал американски продукции снимени во Европа, иако Хјуз често се заканувал со правна постапка против продуцентите.[10]

Нејзината изведба во италијанската романтична комедија Леб, љубов и соништа (италијански: Pane, amore e fantasia, 1953) била успех на благајните[10] и и донел номинација за БАФТА. Понатаму, таа ја освоила наградата Nastro d'Argento од Италијанскиот национален синдикат на филмски новинари за нејзината улога во филмот. Лолобриџида се појавила во Провинцијалка (1953) и во Жена од Рим(1954). Ова се три од нејзините најпознати италијански филмови, но таа работеше и во француската индустрија на филмови како Бестрашен мал војник (1952), Убавините на ноќта (1952).[11][12]

Нејзиниот прв широко гледан филм на англиски јазик, Удри го ѓаволот (1953), снимен во Италија, а во режија на Џон Хјустон.[13] Во овој филм таа ја глумела сопругата на Хемфри Богарт. Потоа учествувала во италијанско-американската продукција Вкрстени мечови (1954), глумејќи заедно со Ерол Флин. Нејзината изведба во Најубавата жена на светот (1955) и ја донела првата награда Дејвид ди Донатело за најдобра актерка.[9] Во овој филм, Лолобриџида ја играла италијанската сопранистка Лина Кавалиери и ги испеала сите песни во филмот, вклучувајќи ги и ариите од Тоска. Таа ја играла главната женска главна улога во циркуската драма Трапез (1956)[8] во режија на Керол Рид заедно со Бурт Ланкастер и Тони Кертис, а во Ѕвонарот од Нотр Дам (1956) се појавила како Есмералда со Ентони Квин како Квазимодо.[8] Режисер на филмот е Жан Деланој.[9]

 
Лолобриџида во Соломон и Шиба (1959) [8]

Во романтичната комедија Дојде ли септември (1961), Лолобриџида имала водечка улога заедно со Рок Хадсон, Сандра Ди и Боби Дарин. Оваа улога и донела награда Златен глобус.

 
Лолобриџида на фотографија за публицитет, раните 1960-ти

Лолобриџида глумела во Буона Сера, г-ѓа Кембел (1968) со Шели Винтерс, Фил Силверс, Питер Лофорд и Тели Савалас.[14] За оваа улога, била номинирана за наградата Златен глобус и ја освоила третата награда Дејвид ди Донатело.

До 1970-тите, нејзината филмска кариера забавила. Таа се појавила во Крал, кралица, Џек (1972), глумејќи заедно со Дејвид Нивен,[15] и во неколку други слабо примени продукции во почетокот на деценијата. Во 1973 година, ила член на жирито на 8. Меѓународен филмски фестивал во Москва.[16]

Фотоновинарство

уреди

До крајот на 1970-тите, Лолобриџида се впуштила во кариера како фотографски новинар. Таа, меѓу другите, ги фотографирала Пол Њуман, Салвадор Дали, Хенри Кисинџер, Дејвид Кесиди, Одри Хепберн, Ела Фицџералд и германската фудбалска репрезентација . Во 1974 година успеала да добие ексклузивно интервју со кубанскиот лидер Фидел Кастро.[17][18] Помеѓу 1972 и 1994 година објавила шест збирки на нејзини фотографии, вклучувајќи го и насловот Моја Италија од 1973 година.[19]

Политика

уреди

Во 1999 година, Лолобриџида неуспешно се кандидирала за Европскиот парламент како кандидат на Демократите, партија предводена од Романо Проди.[20] Во 2020 година, таа јавно го поддржала ставот на папата Франциск за правата на ЛГБТ.[21] На општите избори во Италија во 2022 година, Лолобриџида, на 95-годишна возраст, се обидела да освои место во Сенатот на Републиката.[22][20][23] Не упеала, бидејќи партијата собрала само 1 отсто од гласовите на изборната единица, под изборниот праг од 3 отсто.[23] Во интервју за Кориере дела Сера пред изборите, Лолобриџида изјавила дека е инспирирана од „начинот на вршење на работите“ на Махатма Ганди. Таа исто така тврдела дека била блиска со Индира Ганди.[20]

Личен живот

уреди

Во 1949 година Лолобриџида се омажила за словенечкиот лекар Милко Шкофич. Нивното единствено дете, Андреа Милко (Милко Шкофич Џуниор), е родено на 28 јули 1957 година.[24][25] Шкофич се откажал од медицината за да стане нејзин менаџер. Во 1960 година, Лолобриџида се преселила од нејзината родна Италија во Торонто, со Шкофич и нивниот син.[26] Двојката сакала да ја реши правната ситуација на нивниот син кој италијанската бирократија го сметала за без државјанство.[27] Двојката се развела во 1971 година.[28]

 
Лолобриџида и нејзиниот син Андреа Милко во Рим во 1962 година на божиќниот пазар на Пјаца Навона

Во октомври 2006 година, на 79-годишна возраст, ја објавила нејзината свршувачка со 45-годишниот шпански бизнисмен, Хавиер Ригау и Рафолс.[29][30]

Тие се запознале на забава во Монте Карло во 1984 година и оттогаш биле во врска. Свршувачката била прекината на 6 декември 2006 година, наводно поради напорот од интензивен медиумски интерес.

Во 2006 година Лолобриџида и Ригау потпишале предбрачен договор и се венчале во Шпанија.[31]

Во јануари 2013 година, започнала правна постапка против Ригау, тврдејќи дека нејзиното поранешно момче организирало тајна церемонија на која тој „се оженил“ со измамничка коај се преправала дека е Лолобриџида во матичната служба во Барселона. Во март 2017 година, таа ја загуби судската постапка, но последователно рекла дека ќе поднесе жалба.

Лолобриџида имала навика дазборува за себе во трето лице.[32]

 
Лолобриџида во 1991 година

На крајот на 2010-тите, Андреа Пјацола станал главен соработник на Лолобриџида,[33][34][35] генерален директор и доверител на здруженија за недвижности и финансиски средства. Во јули 2020 година бил обвинет за заобиколување на неспособно лице.[36][37]

Во 2021 година, италијанскиот Врховен касационен суд, на барање на нејзиниот син, одлучил дека Лолобриџида треба да има законски старател назначен за да управува со нејзините работи и да спречи грабеж. Иако судот утврдил дека таа е ментално способна, медицинските докази покажале дека има „слабеење во нејзината правилна перцепција за реалноста“ и дека е во состојба на „ранливост“.[38]

Лолобриџида починала во клиника во Рим на 16 јануари 2023 година, на 95-годишна возраст. Таа е погребана во нејзиното родно место, Субијако, Лацио.[39][40]

Во ноември 2023 година, Андреа Пјацола бил осуден за проневера на милиони.[41]

Награди и номинации

уреди

Лолобриџида освоила три награди Давид ди Донатело, две Настро д'Арџенто и шест награди Бамби. Била три пати номинирана за Златен глобус и еднаш го освоила во 1961 година како Светски омилена филмска - жена.[42] Еднаш била номинирана за наградата БАФТА.

Во 1985 година, била номинирана за офицер на францускиот ред за уметности и писма од Жак Ланг, за нејзините достигнувања во фотографијата и скулптурата.

Лолобриџида ја добила Легијата на честа од Франсоа Митеран.[43]

На 16 октомври 1999 година, Лолобриџида била номинирана за амбасадор на добра волја на Организацијата на ОН за храна и земјоделство.[44]

На 1 февруари 2018 година, Лолобриџида добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[45]

Наводи

уреди
  1. Tom Kington. "Lollobrigida loses court case against toyboy lover." Архивирано на 3 февруари 2023 г. The Times. 25 March 2107. Retrieved 1 February 2023.
  2. Deirdre Pirro. Italian Sketches: The Faces of Modern Italy. The Florentine Press, 2009. p. 41. Архивирано на 4 февруари 2023 г. ISBN 9788890243448
  3. „Lollobrigida Sig. Luigia, Grande Ufficiale Ordine al Merito della Repubblica Italiana“ [Lollobrigida Mrs. Luigia, Insignia of Grand Officer of the Order of Merit of the Italian Republic] (италијански). Presidency of the Italian Republic. 27 April 1987. Архивирано од изворникот на 19 December 2013. Посетено на 28 October 2020.
  4. „Gina Lollobrigida, Italian film legend dubbed "the most beautiful woman in the world," dies at 95“. CBS News. 16 January 2023.
  5. „Legendary Actress Gina Lollobrigida to be Honored at Largest Italian-American Gala in Nation's Capital“. The National Italian American Foundation. Архивирано од изворникот на 22 September 2017. Посетено на 18 June 2017.
  6. Donadia, Rachel (24 October 2008). „Lifetime Honors Arrive as Life Goes On“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 6 January 2018. Посетено на 11 May 2017.
  7. Demarco, Anthony (15 May 2013). „Gina Lollobrigida's jewels sell for nearly 5m; includes auction record for natural pearl ear pendants“. Forbes. Архивирано од изворникот на 9 June 2013. Посетено на 11 May 2017.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Празен навод (help) Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „brit“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Lane, John Francis (16 January 2023). „Gina Lollabrigida Obituary“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на 21 January 2023. Посетено на 23 January 2023.
  10. 10,0 10,1 10,2 Празен навод (help)
  11. „Flesh and the Woman aka Le grand jeu 1954“. Rare War Films. Архивирано од изворникот на 21 January 2023. Посетено на 21 January 2023.
  12. „The Italian film legend Gina Lollobrigida has died at age 95“. NPR. Associated Press. 16 January 2023. Архивирано од изворникот на 24 January 2023. Посетено на 23 January 2023.
  13. „Italian actress Gina Lollobrigida dies at 95“. The Meghalayan Bureau. 17 January 2023. Архивирано од изворникот на 21 January 2023. Посетено на 21 January 2023.
  14. Dagan, Carmel; Vivarelli, Nick (16 January 2023). „Gina Lollobrigida, Italian Bombshell Movie Star, Dies at 95“. Variety. Архивирано од изворникот на 21 January 2023. Посетено на 21 January 2023.
  15. „King, Queen, Knave (1979)“. AFI Catalog of Feature Films. Архивирано од изворникот на 22 January 2023. Посетено на 22 January 2023.
  16. „8th Moscow International Film Festival (1973)“. MIFF. Архивирано од изворникот на 16 January 2013. Посетено на 25 December 2012.
  17. „Gina Lollobrigida: Italian screen star dies at 95“. BBC News. 16 January 2023. Архивирано од изворникот на 16 January 2023. Посетено на 18 January 2023.
  18. „Lollobrigida Interviews Fidel Castro“. Castro Speech Data Base. 16 October 1974. Архивирано од изворникот на 16 January 2023. Посетено на 18 January 2023.
  19. „Gina Lollobrigida, post WWII Italian film diva, dies at 95“. Reuters. 16 January 2023. Архивирано од изворникот на 17 January 2023. Посетено на 18 January 2023.
  20. 20,0 20,1 20,2 Giuffrida, Angela (15 August 2022). „Italian actor Gina Lollobrigida, 95, says she will run in general elections“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на 25 September 2022. Посетено на 25 September 2022.
  21. Boni, Federico (26 October 2020). „Gina Lollobrigida al fianco della comunità LGBT: "Tutti noi dobbiamo avere gli stessi diritti" – video“ [Gina Lollobrigida stands with the LGBT community: "We all must have the same rights"]. Gay.it (Italian). Архивирано од изворникот на 27 June 2021. Посетено на 27 June 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  22. Kirby, Paul (26 September 2022). „Italy votes as far-right Meloni looks for victory“. BBC News. Архивирано од изворникот на 25 September 2022. Посетено на 26 September 2022.
  23. 23,0 23,1 „Gina Lollobrigida, 95, fails in election bid“. Agenzia Nazionale Stampa Associata. 26 September 2022. Архивирано од изворникот на 26 September 2022. Посетено на 26 September 2022.
  24. Canales, Luis (1990). Imperial Gina: The Very Unauthorized Biography of Gina Lollobrigida. Boston: Brookline Village. стр. 113. ISBN 978-0-8283-1932-4. Andrea Milko Jr. had become a reality and Milko Sr., like most fathers, was overjoyed to have a baby boy.
  25. Празен навод (help)
  26. Празен навод (help)
  27. „La Lollo afferma: "Andiamo nel Canada perchè gli italiani non vogliono mio figlio" [Lollo says: "We go to Canada because the Italians don't want my son".]. La Stampa (италијански). 18 March 1960. Архивирано од изворникот на 16 October 2021. Посетено на 16 January 2023.
  28. Buckley, Réka C. V. (2000). „National Body: Gina Lollobrigida and the cult of the star in the 1950s“. Historical Journal of Film, Radio and Television. 20 (4): 527–547. doi:10.1080/713669741.
  29. Diaz, Dani (4 December 2021). „Gina Lollobrigida, d'estrella del cinema a enfrontar-se al seu fill pel control del seu patrimoni milionari“ [Gina Lollobrigida, movie star to face her son for control of her millionaire estate]. El Nacional (Catalan). Barcelona. Архивирано од изворникот на 24 January 2023. Посетено на 20 January 2023.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  30. Llumà, Núria Juanico; Serra, Xavi (16 January 2023). „Mor als 95 anys Gina Lollobrigida, gran estrella del cinema italià del segle X“ [Gina Lollobrigida, great star of Italian cinema of the 20th century, dies at the age of 95]. Ara (Catalan). Barcelona. Архивирано од изворникот на 16 January 2023. Посетено на 20 January 2023.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  31. Alberti, Davide Giancristofaro (31 May 2018). „Javier Rigau e Gina Lollobrigida/ "L'ho amata alla follia, non posso permettere che le venga fatto del male" [Javier Rigau and Gina Lollobrigida/ “I loved her madly, I can't allow her to be hurt”]. il Sussidiaro (Italian). Архивирано од изворникот на 27 June 2021. Посетено на 27 June 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  32. Canales, Luis (1990). Imperial Gina: The Very Unauthorized Biography of Gina Lollobrigida. Boston: Brookline Village. стр. 92. ISBN 978-0-8283-1932-4. Another Lollobrigida trait that may have caused her to be less appreciated by some fellow-workers was her habit of referring to herself in the third person: "I am the expert on Lollobrigida," or "This is the last time Gina does a picture in two different languages."
  33. Damiata, Roberta (14 September 2020). „Caso Lollobrigida, Andrea Piazzolla: "Mi stavo per impiccare per Gina" [Lollobrigida case, Andrea Piazzolla: "I was about to hang myself for Gina"]. Il Giornale (Italian). Архивирано од изворникот на 15 September 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  34. Longo, Emanuela (17 January 2021). „Andrea Piazzolla assistente Gina Lollobrigida/ "Sono io a vederla piangere, per lei…" [Andrea Piazzolla assistant Gina Lollobrigida: "It's me who sees her cry, for her..."]. il Sussidiaro (Italian). Архивирано од изворникот на 17 January 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  35. „Lollobrigida, chi è il suo segretario Andrea Piazzolla: "Mi stavo per impiccare per Gina" [Andrea Piazzolla, secretary to Lollobrigida: "I was about to hang myself for Gina"] (Italian). 16 January 2021. Архивирано од изворникот на 26 January 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  36. Damiata, Roberta (7 May 2020). „Javier Rigau: "Gina Lollobrigida mi chiese di sposarla. Siamo fidanzati da quando io avevo 15 anni" [Javier Rigau and Gina Lollobrigida: "I loved her madly, I can't allow her to be hurt"]. il Sussidiaro (Italian). Архивирано од изворникот на 8 May 2020.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  37. „Circonvenzione, processo per l'ex manager della Lollobrigida“ [Circumvention: trial for Lollobrigida's former manager] (Italian). Turin. 9 July 2020. Архивирано од изворникот на 24 January 2022. Посетено на 28 June 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  38. „High court confirms Gina Lollobrigida needs guardian“. Agenzia Nazionale Stampa Associata. 1 October 2021. Архивирано од изворникот на 25 September 2022. Посетено на 25 September 2022.
  39. „È morta Gina Lollobrigida, aveva 95 anni“ [Gina Lollobrigida dead, she was 95 years old]. Agenzia Nazionale Stampa Associata. 16 January 2023. Архивирано од изворникот на 16 January 2023. Посетено на 16 January 2023.
  40. „Morta Gina Lollobrigida, la "bersagliera" del cinema italiano“ [Gina Lollobrigida, the "determined woman" of Italian cinema, has died]. La Repubblica. 16 January 2023. Архивирано од изворникот на 16 January 2023. Посетено на 16 January 2023.
  41. Squires, Nick (13 November 2023). „Toyboy' who swindled Italian film diva Gina Lollobrigida jailed for three years“. Telegraph.
  42. „Winners & Nominees World Film Favorite“. Golden Globes (англиски). Архивирано од изворникот на 13 December 2021. Посетено на 13 December 2021.
  43. Pfeiffer, Lee; Worrall, Dave (29 November 2011). Cinema Sex Sirens. Omnibus Press. ISBN 978-0-85712-725-9. Архивирано од изворникот на 17 January 2023. Посетено на 19 June 2017.
  44. „Gina Lollobrigida“. Food and Agriculture Organization. Архивирано од изворникот на 7 August 2009. Посетено на 16 September 2009.
  45. „Hollywood honours Italian star Gina Lollobrigida“. Channel NewsAsia. Agence France-Presse. 2 February 2018. Архивирано од изворникот на 2 February 2018. Посетено на 2 February 2018.

Надворешни врски

уреди
  • Gina Lollobrigida at the TCM Movie Database
  • Gina Lollobrigida discography at Discogs
  • Photographs and literature
  • Obituary at The Guardian, by John Francis Lane, 16 January 2023
  • Portraits of Gina Lollobrigida at the National Portrait Gallery, London


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.