Љубен Пауновски
Љубен Пауновски е роден е на 19 октомври 1958 година во Прилеп, а детството го поминал во Демир Хисар. Диломирал на Филозофскиот факултет, на насоката историја на уметноста со археологија во Скопје, 1984 година. По дипломирањето се вработил во радиодифузното претпријатие Македонска радио-телевизија, како новинар и уредник во редакција.
Љубен Пауновски | |
---|---|
Министер за одбрана | |
На должноста 28 јули 2000 – 13 мај 2001 | |
Претходник | Никола Кљусев |
Наследник | Владо Бучковски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 19 октомври 1958 Прилеп, НР Македонија ФНРЈ |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Вероисповед | Православен христијанин |
Извесен период бил советник на градоначалникот на град Скопје. Пратеник во Собранието на Република Македонија бил од 2 декември 1998 година и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на партијата.
Во својата кариера бил најпрво министер за култура во 1999 и потоа министер за одбрана во 2001.
Во април 2007 година, тој бил осуден на три и пол години затвор[1]. Обвинението го товарило за проневерени на над милион и пол евра во 2001 година. Пауновски во моментов има поднесено тужба до Судот за човекови права во Стразбур во врска со овој случај меѓу другото и поради повреда на правото на правично судење според Европската конвенција за човекови права.