Жарко Кујунџиски
Жарко Кујунџиски (роден на 19 мај 1980 во Скопје) — македонски прозаист и драмски автор.
Жарко Кујунџиски | |
---|---|
Занимање | писател |
Животопис
уредиВо ноември 2009 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ја одбранил магистерската теза „Аспекти на микрофикцијата - врз примери од американската и македонската книжевност“. Работел како уредник на електорнскиот магазин Репер (www.reper.net.mk), а бил и неделен колумнист во дневниот весник „Дневник“. Работи како главен уредник на издавачката куќа „Антолог“. Исто така, тој е основач на фестивалот на европската литература „Bookstar“.[1]
Творештво
уредиКујунџиски е автор на 13 книги од кои позначајни се: романите Spectator (2003), Америка (2006) и Најдено загубено (2008), збирката драми Ендрју, љубов и други непогоди (2004), збирката раскази 13 (2010), како и романот Свинга на гневот (2020).[2] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3] Неговите дела се преведени на неколку јазици. Неговиот расказ „Кога се губат очилата“ е дел од антологијата „The best European fiction 2013“.[1]
Spectator е првиот дебитантски роман во македонската книжевност со пет изданија. Во своите дела Кујунџиски се занимава со комплексните односи меѓу единките во современото општество, невозможноста да се воспостави целосна емотивн�� комуникација, поради личните преобликувања и преобразби на впечатливите ликови кои најчесто се хиперсензитивни и кршливи, како и со процесите на претворање на материјалното во метафизичко.
Од англиски јазик ги превел следниве дела: Појадок кај Тифани од Труман Капоти (2006) и Евтини приказни од Квентин Тарантино и Роџер Евари (2008).
Добитник е на петнаесеттина награди за најдобар краток расказ, драмски текст и есеј. Во 2003 година ја добил наградата „13 Ноември“.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 364.
- ↑ Republička zaednica na kulturata (2007). Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja (55. изд.). Kn-vo "Kočo Racin".
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 253-260.
Надворешни врски
уреди- Текстови на авторот во „Блесок“ Архивирано на 1 декември 2009 г.
- Жарко Кујунџиски на balkanwriters.com Архивирано на 17 мај 2008 г.